Дијаспора

ДЕЛ ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЖИВОТОТ ВО НОВАТА СРЕДИНА ВО КЕНТОН, ОХАЈО (5)

1djop123

1djop123

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Таа ракија се изнесуваше само во специјални прилики. Мажите пиеја ракија и пиво – ние децата добивавме сок и безалкохолно слатко пиво направен од концентрат – за прославување на имендени. За нас, тие беа поважни од родендените. Куќата беше отворена за сите – не мораше да ги каните луѓето, нашите пријатели едноставно си знаеја дека треба да дојдат.

Но во тоа време, како и можеше да ги повикате? Немавме телефони.

Мајка ми ќе подготвеше секаква храна и ќе ја поставеше масата – со пита, кашкавал, сирење, маслинки, понекогаш кисело млеко – но на децата не им беше дозволено да чепкаат по храната. Луѓето не доаѓаа подготвени за голем оброк, сепак, ова беше шанса да се собереме сите заедно, да седнеме и да помуабетиме.

Мојот именден – Илинден – беше во лето, на 2 август, а тоа беше и денот на свети Илија, голем македонски празник на кој се празнуваше битката во која Македонците ги победиле Турците во 1903 година. Така што тоа беше најголема прослава на именден во нашето семејството.

Навистина не знам каде научив англиски јазик, но претпоставувам дека тоа се случи во соседството со децата. Во школскиот округ Белден во Кентон, имавме секакви националности – Македонци, но исто така и Грци, Италијани, Шпанци, Сиријци, Унгарци и Романци, па дури и две африканско-американски црни семејства.

Сиромашни во долари, но богати во се друго

Немавме пари. Секогаш се шегувам и велам дека немаме средни имиња бидејќи не можевме да си ги дозволиме финансиски.

Кога јас се родив, тое не беше во болница. Се родив на масата во кујна во малата куќа каде моите родители беа под кирија во Пен Плејс во Кентон. Само мојата помала сестра го доживеа тој луксуз да се роди во болница.

Имаше периоди кога и Кока кола која чинеше 5 центи се чинеше скапа, бидејќи немавме ни 5 центи. За нашето семејство, беше честење кога ќе поделевме кутија со сладолед и една кока кола на пет дела, за да можат сите во семејството да уживаат по малку во сето тоа. Како и повеќемина во нашето соседство, немавме автомобил. Немавме дури ни фрижидер, имавме кутија со мраз, која се наоѓаше во подрумот. Кога брат ми ја доби својата прва работа, неговата плата влезе во домашниот буџет за да помогне во трошоците на семејството.

А кога јас завршив средно училиште, си дојдов дома од церемонијата и веднаш почнав да работам во Репаблик Стил (Republic Steel) во ноќна смена уште истата вечер. За мене немаше забави.

Годишен одмор беше нешто незамисливо во тоа време. Два пати сме патувале во посета на фамилијата, со воз, и едно од тие патувања беше во Детроит, за нашето крштевање во македонско-бугарска источна православна црква Свети Климент Охридски.

Можеби немавме многу, сепак, имавме еден бесценет, грижлив татко и мајка. Типично за тоа време, татко ми работеше додека мајка ми ги гледаше децата. Можам да се сетам на можеби два пати во мојот живот кога татко ми ќе се налутеше на мене и ќе ми се заканеше со каишот. Но, се остана на закана. Тој беше мирен и умерен човек и ги оставаше „тешките“ работи на мајка ми. Но, тој го имаше последниот збор во нашето семејство.

 Мајка ми имаше милослива и нежна природа, сите ја сакаа. Таа знаеше кога да побара мислење од татко ми, во сите други случаи, таа правеше се што е потребно за фамилијата. Сепак, иако не бевме богати, мајка ми секогаш сакаше да го сподели тоа што го имаме со нашите роднини кои имаа многу малку или немаа ништо. Се сеќавам кога испраќаше, јас што ги викам, „пакети за грижа“ полни со наша стара облека за членовите од семејството кои живееја во Грција, Романија и во некогашната Чехословачка. 

Тие беа родители кои секогаш ги ставаа потребите на семејството – а понекогаш и нашите хирови – над се друго. Се сеќавам на еден конкретен пример. Во 1945 година, токму пред крајот на Втората светска војна, мајка ми не однесе мене и сестра ми во центарот на градот да купиме нешто, што ретко се случуваше, пред празниците. Отидовме во Сиарс (Sears), а веднаш до влезната врата од десната страна беа скалите кои водеа во подрум. (Веројатно тоа бил нашиот спрат.)

На долниот крај од скалите имаше новогодишна елка со сијалички и излог со кутии со сијалички. Но, тие беа на излог, за време на војната не се продаваа новогодишни сијалички за елка. Тогаш, јас почнав да додевам дека треба да си купиме сијалички. Мама ми рече дека ќе има уште сијалички пред да дојде Божиќ.

                                                                 1djop1234

Семејството Влашо

Можете да претпоставите – секако дека немаше повеќе. Никаде не можеше да се најдат, моите родители бараа насекаде. Постојано додевав и плачев, но не успеавме да најдеме. Моравме да ставиме елка без сијалички. За да ми го направат ќеифот, моите родители земаа една ламба, го извадија абажурот, ставија на неа црвена сијалица и ја ставија покрај елката за да имаме светло во боја покрај нашата елка.

Се сеќавам на тој момент како да беше минатата недела.

Не се сеќавам многу на Втората светска војна, бидејќи бев многу мал. Но, се сеќавам на сирените за предупредување од воздушен напад, на Европскиот ден на победа (ВЕ ден), кога датумот го врежавме во мокар цемент, и на победата над Јапонија (ВЈ ден), кога на брат ми му дозволија да оди ноќе во центарот на Кентон за прославата. Се уште ја имам книшката за порции храна, која им ја издаваа на сите, и која се уште ги имаше повеќето од купоните, бидејќи немавме пари кои можевме да ги употребиме за да ги купиме тие продукти.

 Исто така се сеќавам дека мајка ми беше таа што овозможи да го добиеме нашиот прв телевизор.

„Децата немаат многу. Земи им еден телевизор,“ таа го молеше татко ми. Така станавме едно од првите семејства во соседството кои поставија телевизиска антена. Нашиот телевизор беше голем, во црно бела техника марка Бендикс, голем колку машина за миење садови, Но, не смеевме многу да го пуштаме бидејќи „можеше да се потроши“!

Нашиот дом на улица Фифт стрит бр. 2208 (2208 Fifth St.), во Кентон, каде живеевме поголемиот дел од моето детство, беше на крајот од градот. Во близина имаше училиште, а помеѓу нас и железарата, имаше неколку полиња. Секаде одевме пеш.

Сите ние кои работевме во железарата, одевме низ полињата, без оглед на тоа која смена работевме. Ако работевме ноќна смена, одевме пешки. Не се плашевме од ништо.

На аголот од улицата се наоѓаше италијанска пилјара, а неколку улици подолу, се наоѓаше продавница која ја држеа Македонци. Одевме пешки и до двете продавници. Кога најпосле се отвори А&П супермаркет доволно блиску до нас, неколку улици подолу, мајка ми и таму одеше пеш.

Продолжува 

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top