Дијаспора

ПРИЈАТЕЛСКИ И ТРАЈНИ ОДНОСИ СО ГОЛЕМ БРОЈ АМЕРИКАНЦИ (14)

1globi3

1globi3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Џен тешко се опоравуваше. Како што ни рекоа, машината за срце и бели дробови беше најголемиот проблем, за малку ќе ја изгубеа поради неа. Знам поради тоа што на кратко сите излегоа од собата заедно со Џен, а јас го погледнав картонот кога немаше никој внатре. Кога ја вратија назад во собата, ја ставија на подлога од мраз за да и ја намалат температурата. Целата идеја беше нешто ново и сосема застрашувачко.

Сепак, една година подоцна, „Гуд Самаритан“ одржа церемонија за пациентите кои имаа операција на срце, таа беше единствено возрасно лице меѓу бројни деца кои биле пациенти со операција на срце на рана возраст.

„Зе време додека се опоравуваше од операцијата, имаше два многу тешки денови, но мислам дека тоа е многу мала цена која ја платив за мојата иднина.“ таа им рече на персоналот, на пациентите и на сите пријатели кои беа присутни. „Дури не можам да искажам колку сум благодарна.“

Моите родители дојдоа да ни помогнат, но не сум сигурен дали помагаа или одмагаа. Тие не патуваа често, затоа што татко ми се уште не возеше, дојдоа со автобус.

По операцијата на Џен, можам да кажам дека станав и татко и мајка. Но, дури и пред тоа, се гордеев што поминував доста време со синот. Веќе направив доста работи да го олеснам животот дома. А Винс го носев со мене насекаде. Кога тимовите доаѓаа да си земат палки, топки и бази за Малата лига, тој ми помагаше. Кога продавав слатки, Винс беше со мене. Потоа дојде и Стив, и тој доаѓаше со мене.

Моето спортување не беше возможно со семејството и со зголемениот ангажман во заедницата. Видов дека веќе немам време за куглање, а следната година веќе немав време ни за голф лигата. Но, поголемиот дел од општинската работа можев да ја завршам преку телефон, така што можев да бидам дома, со семејството.

Ангажманот во заедницата имаше и свои весели моменти. Во 1973 година, откако почина татко ми, ја однесовме мајка ми во Канада во уште една посета на нејзиното семејство. Кога се вративме, се возевме по улицата кога видовме бркотница пред нашата куќа. Во градот до нас Тип Сити (Tipp City), имало настан за собирање финансиски средства и нашите пријатели, Џим и Керол Хејстингс, го ставиле моето име во трка за шеговита награда. 

Сум ја добил наградата. Заврзана за дрво пред нашата куќа имаше една коза. Сум ја добил козата како награда.

Што да правам со коза? Децата играа топка со неа, ја шетаа низ соседството, како куче. Но на крај, му ја дадовме на еден пријател кој имаше фарма, многу подобро место за козата да живее.

Сепак, беше навистина голем проблем да се натовари козата во комбе, никако не ни успеваше. Ја бркавме насекаде, се боревме со неа. Мајка ми, која беше со нас после патувањето, го реши проблемот со вештините од нејзиниот Стар свет. Ја крена во раце и ги врза нозете, и потоа ја стави во задниот дел од комбето.

Навистина едноставно.

Се заколнав дека ќе им вратам на пријателите за ова, а можев да смислам подобро од една коза. Една година подоцна, во градот дојде циркус и си ја видов шансата. Се договорив со човекот кој ги чуваше слоновите да донесе три слона и да ги стави во нивниот двор.

Се ми беше подготвено, дури имав поставено и знаци. Но, тој ден кога требаше мојот план да се оствари, времето залади – толку беше студено што почна да врне снег – и човекот со слоновите не сакаше неговите животни да излегуваат од удобната приколка.

„Не можам да ги изнесувам на ова време. Тие се животни кои живеат во топла клима!“ ми рече.

Така Џим и Керол никогаш не дознаа колку многу природно ѓубриво можеше да им биде оставено во градината пред нивната куќа.

Имавме среќа што живеевме во соседство со луѓе кои имаа смисла за хумор и за заедништво. Имавме многу пријатели – соседите од двете страни на нашата куќа. Џорџ и Кеј Крат и Дик и Бони Рашила, Шелдон и Арти Крамер, кои живееја две куќи подолу, Џим и Керол Хејстингс, и Тед и Дот Ристов, кои живееја преку една улица.

Подоцна во соседството се доселија Пит и Ненси Нимс, кои дојдоа на местото на семејството Крат, кои се отселија, и станаа дел од нашата голема група. Тие исто така станаа и навистина добри пријатели.

1globi33

Ова се пријателства кои ќе траат цел живот, и оние петмина кои се уште се со нас – Пит и Ненси Нимс, Тед и Дот Ристов и Бони Рашила – се уште се блиски пријатели. Семејствата Ним, Хејстингс, Рашила и Ристов, беа тука за секоја голема пресвтртница во мојот возрасен живот: погребот на Џен во 1996 годиина, мојата венчавка со Пат во 1999 година, и на доделувањето на наградата за Заслужен поранешен студент на Универзитетот во Охајо во 2001 година.

Се собиравме заедно и правевме мајтапи едни на други, како патувачкиот телевизор. Не се сеќавам кој го започна тоа, но некој купи нов телевизор и мораше да се ослободи од стариот – чудовиште од телевизор кој стоеше во конзола за телевизор. Доцна навечер, тие тивко го оставија на тремот на еден од соседите.  

Не беше долго таму. Следната вечер се појави на тремот на друг сосед, па потоа на друг. Некое време ќе исчезнеше телевизорот, но потоа наеднаш повторно ќе се појавеше на тремот на еден од соседите за нова тура.

 На крај успеавме да се ослободиме од него, но не додека сите тремови не добија „посета“ од телевизорот бареш еднаш или два пати. Два најголеми мајтапи кои беа незаборавни се –

Годината кога купивме твор како подарок за роденденот за Пит Нимс. Го намирисавме целиот и неговите девојчиња мислеа дека е сладок и дека ќе им биде одлично милениче. Пит и Ненси секако не губеа време и веднаш се јавија во службата за животни да дојдат да го земат од кај нив. 

За мојот 40ти роденден, моите пријатели и соседи правеа планови речиси цела година за да ми подарат гранитен надгробен споменик на кој пишуваше „Лу сега има 40 години и тргнува по патот удолу.“ Го ставија на тревникот пред куќата, заедно се цвеќиња кои ги земаа од гробиштата, кога си дојдов дома на роденденска забава која беше изненадување. Со години го чував, но потоа се преселив во Нејплс и морав да се ослободам од него. Патем, мојот живот не тргна удолу откако наполнив 40 години.  

Се собиравме заедно со многу храна и пијалак. Секогаш го славевме првиот снег во сезоната со логорски оган на отворено во полето зад куќите, правевме скара и наздравуваме на претстојната зима. Не беа потребни покани, сите знаевме дека е време да се собереме за таа пред-зимска забава.

На крај ни беше жал кога видовме дека полето го претворија во станбен простор со други куќи.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top