Дијаспора

ПОЧИНА ПРОФ. ЃОРГИ ЛАЗАРЕВСКИ – ПУБЛИЦИСТ И НАСТАВНИК ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ГЕРМАНИЈА

1bliz3

1bliz3

Почина Ѓорги Лазаревски, кој беше познат и признат публицист и  професер по македонски јазик во Битола и наставник по македонски јазик и култура во Синделфингерн, Сојузна Република Германија, испратен од Минитерството за образование на Република Македонија. Тој беше еден од основачите и претседател на „Пелагонските културно-научни средби – Новаци“.

Ѓорѓи Лазаревски или „Учителот“, како често го нарекуваа своите блиски пријатели, е роден во 1939 година во селото Бач, Битолско, а има завршено Филозофски факултет, отсек Педагогија, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Почитуваниот Ѓорѓи Лазаревски целиот свој работен век го мина во подигање македонски генерации, особено во битолскиот крај, почнувајќи од училиштето „Мирче Ацев“ во својот роден крај, селото Бач, каде бил и учител и директор, до воспитувач во ОУ „Коле Канински“ и педагог  во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола.

Во период од осум години (1987-1995) Ѓорѓи Лазаревски беше наставник по македонски јазик и култура во Синделфингерн, Сојузна Република Германија, испратен од Минитерството за образование на Република  Македонија, каде го постигна својот врв како педагог, патриот и почитувач на македонските иселеници, на македонскиот јазик и на етничка Македонија. Од 1995  до  2002 година учителот Лазаревски беше вработен во ОУ „Стив Наумов“ во Битола, од каде замина во пензија.

Исто така, Ѓорѓи Лазаревски беше еден од основачите и претседател на „Пелагонските културно-научни средби – Новаци“, .манифестација која е формирана во 2000 година во Општината Новаци. Носители на активноста на оваа манифестација се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за науката и културата. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври. Тој беше и редовен член на Македонското научно друштво – Битола,

Инаку, родното село Бач на Ѓорги Лазаревски се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, недалеку од државната граница со Грција,  во јужниот дел на територијата на Општина Новаци.   Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 метри. Од градот Битола е оддалечено 35 километри.

Така, проф. Лазаревски во Воведот на делото „Јана“ ќе забележи: „Откако ќе поминете низ селото Гермијан и го префрлите ридот на источната страна, патот се спушта кон селото Бач. Од десна страна на патот е Рудината, а лево Шупурот. Потоа пред вас се отвора убаво рамно поле кое се простира од двете страни на патот што води кон селото Скочивир и планинскиот врв Кајмакчалан. Тоа е рамнината викана Горно Јамиште, десно од патот и Долно Јамиште, лево од патот.

Низ рамнината Јамиште порано врвеше железничката пруга од село Кременица до село Живојно по која се пренесуваше јагленот од рудникот во село Живојно и се носеше во Битола за Термоцентралата која произведуваше струја и го снабдуваше градот со електрична енергија.

Во Бач се наоѓа и прекрасниот Кралски дворец кој бил изграден по завршувањето на Првата светска војна. Тој објект си имаше своја убавина и функционалност според намената за која бил граден. Многу години во тие простории учеа учениците пред изградбата на новото училиште. Денес, тој е целосно разурнат, а останале само разурнати голи ѕидови“, запишал Лазаревски

Инаку, публицистичкиот опус на Ѓорѓи Лазаревски е богат и разновиден. Меѓу бројните дела ќе ги споменеме  делата: „Зведени патеки“ (Auf dem Pfad der Sterne) (1993), зборник на песни од учителите во Германија; „Монографија 50 години на ОУ „Гоце Делчев“- Битола (1994); Монографија 55 години на ОУ „Стив Наумов“ – Битола (1999);  Монографија за Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт (2003); Монографија „Кравари“ (2006); „Дедо Кољо Добровенски, мариовско-лерински војвода“ (2012); романот „Коста Моштенецеот“ (2015) и други.

Неговата последна публикација, пак, насловена „Плачот на кларинетот“ е збирка од 24 разкази групирани во три циклуси: „Луди и млади години“, „Од педагошкиот бележник“ и „Приказни од полето“. Расказите започнуваат со неколку згоди и симпатични незгоди од младоста на раскажувачот кога се подготвувал да учителствува и забележани случки во неговиот ран, чист и искрен учителски период на лудите млади години. Во вториот дел педагошкиот бележник на  искусниот педагог содржи многубројни запаметени, раскажани и нераскажани настани што се случиле и ги запишал во неговиот бележник. Приказните од полето, кои се  длабоко почувствувани од авторот носат со себе ширина на бескрајното поле, од мирис на косено сено и штотуку ожнеаното жито во топлиот летен период во Пелагонија.

Расказите на Ѓорѓи Лазаревски се сведоштво за неговиот живот и неговиот став кон животот кој е позитивен, ведар и инспиративен. Тој има реалистичен стил на пишување и мислата до народните кажувања им дава на расказите искрен, пријатен и смирувачки тон полн со топлина кон раскажувањето и кон читателите. Притоа, авторот со својот стил на пишување е близок до народното раскажување и до основните доблести што ги поседуваат македонските учители и секој Македонец во образованието, а тоа е несебично себедавање на учениците и потврда на своето почитувано занимање – учител.

Публикацијата насловена „Плачот на кларинетот“ е едно од петнаесеттината дело во творештвото на Ѓорѓи Лазаревски, почнувајќи од  делото „40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско“ на група автори, во издание на СИЗ за основно образование, Битола во 1984 година до денес.

За својата педагошка улога во образованието на Република Македонија, професорот Ѓорѓи Лазаревски го добил звањето „Истакнат педагошки работник“ од Републичкиот педагошки совет во 1986 година, наградата „Кирил и Методиј“ од СИЗ за образование, Битола (1990), „Повелба за животно дело“ од „Пелагониските културно-научни средби“, Новаци во 2013 година и наградата „4-ти Ноември“, Општина Битола (2019).

Проф. Ѓорѓи Лазаревски почина на 05 октомври 2023 година во селото Кравари, предградие на Битола,  на патот кон Јушна Македонија, каде и се наоѓа неговиот вечен дом.

Бог да го прости

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top