Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА ТРИ ПУБЛИКАЦИИ НА СЛАВЕ КАТИН ВО ТОРОНТO

2ka3

2ka3

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, на 14-ти декември 2023 година, се одржаа промоции на три дела на Славе Катин и тоа: „Избор на трудови“, „Огледало“ и „Александар Македонски“. Овој културен наста го благослови свештеникот на Црквата Сашо Целески, а Зоран Карапанчев, претседателот на Друштвото ја отвори манифестацијата и зборуваше за делото „Огледало, Потоа, Драгица Димовска, уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, ја промовираше публикацијата „Избор на трудови“, додека романот „Александар Македонски“ го претстави Димитар Цонев, координатор на Друштвото. На присутните им се обрати и авторот  Славе Катин.

Во своето излагања за публикацијата „Избор на трудови“, Драгица Димовска рече дека ова е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и дека е печатено во 2023 година на 430 страници на македонски јазик, чиј спонзор е бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасовски од САД, а рецензенти се  се Душан Ристевски-Македон од Австралија и д-р Џорџ Бранов од Канада. Публикацијата претставува исцрпен осврт за дел од објавени трудови на Славе Катин кои се однесуваат на вистината на неговото творештво, за македонското иселеништво ширум светот, за црковно-духовниот живот, за голем број познати личности и други текстови поврзани со етничка Македонија.

Делото „Избор на трудови“ е посветено на публицистичката дејност на Славе Катин, кој  е истакнат и докажан новинар, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, автор на 62 публикации и на околу 5.000 новинарски и други текстови, од кои  22 публикации се со името Македонија, 20 монографии за познати личности од дијаспората и Македонија, 7 лексикографски изданија и други различни дела. Исто така, тој е познат, признат, уважен и респектиран на низа полиња и децениски потврден во македонските заедници во светот, македонските православни општини, цркви и манастири, како и македонските друштва, информативните гласила и друг вид асоцијации во дијаспората, рече Драгица Димовска.

За публикацијата „Огледало“ Зоран Карапетров рече дека  тоа е дело на „Македонска искра“ од Скопје, и е спонзорирано од Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од САД. Делото е отпечатено на 140 страници, на македонски и на англиски јазик. Рецензенти на оваа публикација се: Гордан Јорданов, директор на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ од Вашингтон, за Македонија и Европа и  Душан Ристевски-Македон, поет, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Делото „Огледало“ е посветена на Славе Катин и добивањето на престижната „Награда за животно дело 2022“ од организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД. Оваа награда му беше доделена на Славе Катин на 5-тата Глобална конференција на ОМД во Скопје, Македонија, која се одржа во јули 2023 година. Поради здравствени причини, Славе Катин не присуствуваше на Конференцијата, но наградата ја прими неговата ќерка Дафинка Катин Скатоца и внуката Изабел Катин Скатоца, кои живеат во Рим. По овој повод Славе Катин ја припреми публикацијата „Огледало“ со цел да го отслика неговото 50 годишно творештво и одбележи неговиот 82 роденден и, секако, да се одбележи добивањето на оваа престижна награда.

Покрај Славе Катин, досегашни добитници на „Наградата за животно дело“ се и поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Џон Битов и Џејмс Сандерс од Канада, Џорџ Атанасоски, Атанас Коларовски и Луј Влашо од САД и Мик Веловски од Австралија.

2ka33

                                                Дел од присутните на промоцијата

Исто така, во публикацијата „Огледале“ се дадени текстови за Славе Катин кој е добитник на наградата „Повелба за животно дело“ што ја доделува Советот на Пелагониските средби од Новаци-Битола за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење, за  „Наградата за животно постигнување во творештвото“, која му беше влачена на „49-те Иселенички Љубински средби“ во Љубојно, Преспа, и за престижната награда „Крсте Петков Мисирков 1991“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија од областа на журналистиката,. Инаку Славе Катин е почесен член во литературните друштва „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада и “Григор Прличев“, од Сиднеј, Австралија, и доживотен волонтерски член во фондацијата „Атанас Близнаков“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За историскиот роман „Александар Македонски“ чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски, зборуваше Димитар Цонев. Тој, меѓу другото реќе дека романот е  издание на Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Тој е отпечатен на македонски јазик, на 540 страници и претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија.

Во историјата Александар Македонски ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на античките Македонци, ќе го наречат „Alexander Magnus“ (Александар Велики).

Така и германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken) во историскиот роман ќе го нарече ALEXANDER THE GREAT (Александар Велики), кој е преведен и приспособен од англиски на македонски јазик како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година, на 390 страници. Овој превод  беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик.

Благодарение на порталите „Македонска нација“ од Македонија и „Мактел“ од Австралија, романот „Александар Македонски“ беше печатен во континуитет скоро година и половина, во стотина продолженија, со цел широката читателска публика да се запознае со вистината и со ликот, како и со делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Филип II Македонски и со неговиот син – најголемиот досега воин, освојувач на земји и цар на силното Македонско Царство  – Александар III (Велики) Македонски.

Во ова дело коавтор е Георги Бранов, по потекло од селото Буф, во Егејска Македонија, доктор по ветеринарни науки кој педесетина години живее во Канада и ја брани вистината за Македонија, особено за Античка Македонија. Тој е еден од Македонците кој најмногу се запознал и го почитува историскиот развој и вистината за Александар Македонски и Античка Македонија од автори кои пишуваат за оваа проблематика на англиски јазик. Затоа неговиот придонес има големо значење во ова дело, насловено „Александар Македонски

Вера Вржовска-Петревска

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top