Дијаспора

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА СКОПЈЕ – ГЛАВНИОТ ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (9)

1iit2

1iit2

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Скопје бил граден, уриван, поплавуван, пален, но никогаш не уништен. Како птицата феникс секогаш  опстојувал под различните називи: Скупи, Скупорум, Скупис, Скопос, Скопиоми, Скопље, Скопје. Тој од памтивека  бил и останал на овие простори.

Скопската котлина во терцијалната епоха лежела под вода на големото Среднобалканско езеро. Археолошките наоѓалишта во населбата Маџари (куќи, инвентар) или на земјанките и палисадите на крепоста Кале, потврдуваат дека бил населен овој дел  на Европа уште од камено доба (раниот неолит), што е некаде  пет милениуми пред Христа.

Или 4.500 година пред Христа датираат уметничките остатоци кои веке говорат за цивилизациски вредности пронајдени и потврдени кај селото Говрлево. Околу 600 година пред Христа или во почетокот на антиката датираат гратчињата во Нерези и Злокуќани. А во четвртиот век пред Христа Филип Втори Македонски, во рамките на Македонската држава ги имал во своето царство и овие простори нагоре.

Секако, големото име од овој македонски дел кое потоа тргнало во светот и освојувал територии до Шпанија, е и царот Јустинијана Прима, Јустинијан Први (482 – 565) кој бил роден во местото Тауресиум, денешното скопско село Таор. Натаму, остатоците од дарданското Скупи, тврдините, вијадуктот, црквите и старите манастири.

Сето тоа се дел од богата и долга историја на Скопје. Градот кој лежи на надморска височина од 240 до 350 метри,  бил поврзан со Медијана (Ниш) и Дунав на север, со Стоби и Солун надолу кон југот македонски, како и со магистралата кон Јадранското море,  Виа Игнациа.

Скопје низ вековите доживувало различни развојни циклусни   и други периоди.  Кога војски низ него поминувале, кога душмани го меркале, кога поплави го сардисале, а земјотреси уривале. Но, секако, и најважното,  кога народот најсилен бил, кога правдата  и вистината  победувале, кога градители го создавале и вишно и ширно  распослале.

Денес Скопје  е убавиот град на двата брега од најголемата македонска река Вардар и е престолнината на Република Македонија. А во ова  современо Скопје, каде ли да појдете, каде ли да застаните, од каде ли да го погледнете, се околу вас е еден значаен цивилизациски, историски, културен, архитектонски, духовен колаж, кој македонската престолнина ја вредува меѓу  највпечатливите градови во  поднебјето на јужна Европа.

Ако се рашетате низ Старата чаршија таму ке ви речат дека уште до Втората светска војна имало 1169 дукани. Дека имала цркви, анови, бањи, безистен, џамии…

 Дека децениите минувале, а скопските занаети го ширеле својот спектар. Дека долго ечеле чеканите и наковалните на ковачите, кујунџиите, самарџиите, металостругарите, златарите..

1iit22

Дека низ сокаците  преку Камениот мост на Вардар повеќе од 500 години  минувале и карвани и запреги и кочии и пајтони, а сега катадневно минуваат реки од автомобили  и  од народ.

На плоштадот “Македонија”  кој е  во срцето на метрополата  и кој уште од  1924 година  добил калдрма на 1 355 метри квадратни, како стража да му чуваат Ристиќевата палата, Природно научниот музеј, Поштите, ресторани и други интересни стари  и нови  градби, особено многубројните споменици и нови градби на и околу Плоштадот.

Штом се изодат првите метри од сокаците на чаршијата по улицата ”Архиепископ Ангелариј”  по скалите  се излегува на плоштадот  пред ѕидовите на црквата ‘Свети Спас во која се наоѓа прекрасниот иконостас изработен во резба. Тајфата на  Петре Филиповски Гарката, неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски се тие горостаси кои од 1817 до 1824 одина  го оставиле како вистинско ремек дело иконостасот.

Во дворот на црквата Свети Спас  е и вечното почивалиште на апостолот на македонскиот непокор Гоце Делчев.

Во Скопје е и најголемиот соборен храм Свети Климент Охридски, Митрополијата на Македонската православна црква, како и Богословското училиште и Богословскиот факултет. Градот е богат со безброј стари, вредни и непроценливо цркви и манастири.

Одозгора како некаков закрилник му е тврдината Кале, а подолу се големите центар и споменици. Скопје има своја Опера и балет,   Филхармонија, Македонскиот народен и Драмски театар, го има јадрото на високообразовната пулсација Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” и на научните дострели Македонската академија на науките и уметностите.

Главниот македонски град е седиште на Владата, Парламентот, министерствата, амбасадите,  има многу хотели, споменици, навистина има толку многу минато и сегашност низ неговите хоризонтали и вертикали. Но, најдобро ќе се почувствува градот на вековите,  само ако се дојде и се прошета ова вистинско богатство овој аманет на генерациите.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top