Дијаспора

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

1o1

1o1

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА  (Прилози кон културната историја), Визер издаваштво, Клагенфурт/Целовец, 2020)

Проф. д-р. Волф Ошлис, како афирмиран македонист, е автор на голем број статии и книги за македонската култура, јазик и историја, но и за современите состојби во Македонија. Во неговиот работен век покрај публицистичката дејност што ја посветува на земјите на Источна Европа, со голема љубов се занимава, пишува, истражува и открива вредни историски факти за Македонија, посебно за германско-македонските културни врски во минатото, со посебен акцент за делата на германските публицисти, писатели и научници, кои зад себе оставиле капитални и исклучително значајни дела  за Македонија, како што се Леонард Шулце Јена, Франц Дофлајн, Карл Штруп, Густав Вајганд, Херберт Ертел… Тоа е резултат на неговата истражувачка но и публицистичка работа од околу половина век, работа која со голема љубов ја остваруваше како осведочен пријател на Македонија, на земјата за која честопати ќе рече дека првата средба со Македонија му била како љубов на прв поглед, затоа и меѓу Македонците е познат како германски Македонец или македонски Германец. Волф Ошлис на дело ја покажуваше љубовта кон Македонците и Македонија и со вклучувањето во многу активности на македонската дијаспора во Германија и со поддршката што ја даваше. Знаеше да биде остар критичар на состојбите кога поголемите сили или соседите и наметнуваа неправична политика на Македонија. Како резултат не неговата македонистичка дејност, тој напиша и објави многу статии и вредни дела за Македонија. За некои од нив доби и високи награди. Го има објавено, меѓу другите, како коавтор со Вера Боиќ – првиот „Учебник по македонски јазик“ печатен надвор од границите на поранешна Југославија (во 1984 година), а кој Ошлис целосно го преработи, дополни, го збогати со обемен вовед и повторно го објави во 2007 година. Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001 – 2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), „Македонија“ (2012), како и книга за мајка Тереза (2009). Преведувач е на изданието на германски јазик на „За македонцките работи“ на Крсте П. Мисирков (Скопје 2012) и автор на книгата на македонски јазик „Гермакедонија (Студии за македонско-германската заемност низ вековите)“ („Македоника литера“, Скопје 2012) која содржи четириесетина студии, статии и други прилози за Македонија, односно за заемните културни врски меѓу Македонија и Германија.

Проф. д-р Волф Ошлис е извонреден познавач на културната историја на Македонија Потврда за тоа е неговата најнова книга „МАКЕДОНИЈА (Прилози за културната историја)“, со докази и факти низ бројни текстови опфатил целокупен преглед на историјата, културата, јазикот и македонската литература. Ова е едно вредно дело со тематика од Александар Македонски до најновото време. Меѓу другото, пишува и Охрид, за кој се знае дека е „Балкански Ерусалим“, за браќата Константин и Димитар Миладинов, како поборници за македонската национална култура, а се разбира и за Крсте Петков Мисирков и за неговото значајно дело „За македонцките работи“. Во статијата за Блаже Конески, Волф се осврнува кон еден прогресивен научник за македонскиот јазик и азбука. Потоа за Кочо Рацин, како втемелувач на современата македонска литература. Не го изоставил ниту поглаварот на Македонската православна црква г.г. Михаил. Во неговите статии компетентно и аргументирано ги коментира и премрежињата за опстанок на земјата во времето на распадот на Југославија, кога Македонија остана своевидна „оаза на мирот“ на Балканот. Тоа беше виорно време кога Балканот, таканаречено „бурето Барут“, беше експлодирало и со години се водеа незамисливи војни, на просторите на една Титова Југославија, на едно братство-единство кое се претвори во братство-убиство, па сѐ до немилиот конфликт со Албанците во 2001 година. Покрај тие видувања Волф Ошлис Македонија пред светот ја преставува посебно со споровите со Грција, и дополнително се произнесува за Европската Унија. Посебно ги објаснува споровите со името на Република Македонија, за идентитетот и егзистенцијата на македонската држава. Авторот Волф Ошлис извонредно ја претставил Македонија од времето на Александар Македонски до Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна република Македонија. Експертот за источна Европа Волф впечатливо ја има опишано античката Хераклеја, магичното археолошко Стоби, како и таканаречениот балкански Стоунхенџ – Кокино.

Како исклучително динамичен истражувач и научен работник ја проучил и балканската регионална јазична култура за време Османската империја, а посебно се осврнува кон Македонија, која лежи во срцето на Балканот. В. Ошлис впечатливо се осврнува и на македонската култура под бугарска окупација во 1913 година. Во суштина германскиот македонист и славист успешно ги согледал состојбите, повикуваќи се на аргументите и историските факти, објаснувајќи ги со коментари гледани од бугарски аспект. А попатно не ја заобиколил ниту граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година. Како еден од најдобрите познавачи, проучувачи и афирматори на македонската култура во книгата „Прилози кон културната историја“ Волф Ошлис во една од статиите се осврнува на културните медиуми, радиото, ТВ, печатот, книгите и графитот. Со совршени информативни сознанија, тој раскажува за нивниот живот во времето пред околу еден век во 1920 како и во времето по Втората светска војна па сѐ до најновото време. Политичкиот аналитичар Волф Ошлис со своите извонредни статии јасно ја докажува својата поврзаност со Македонија и кои се резултат на повеќедецениски труд, а со што тој дава вистински печат на најважните пунктови од културната историја на Македонија. Во над триесетина статии Волф Ошлис ставил јасен акцент и на својата борба како поборник на афирмацијата на македонската посебност, но истовремено остава впечаток на ерудитивен, темелен и компетентен познавач на македонската културна историја, а со тоа и на македонската историја.

Затоа оваа книга е книга која за секој Македонец кој си ја почитува својата културна историја и своите корени и за него таа преставува како лична карта за идентитетот и привлечна лектира за својата национална историја. Но истовремено таа е и книга во која меѓу редови може да се прочита љубовта На Волф Ошлис кон Македонија.

Саво Костадиновски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top