Дијаспора

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

1ilvl1 1

1ilvl1 1

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

На 5.4.2024 година во Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, членовите на истоименото друштво имаа можност да се сретнат со познатиот американскиот бизнисмен, хуманист и почесен конзул на Р. Македонија г-динот Лоу (Илија) Влашо.

Лоу Влашо е роден во Америка, неговите родители потекнуваат од село Брезница, Леринско, Егејска Македонија. Со своето семејство живее во Непалес, Флорида. Преку лични контакти со американскиот Конгрес организирал групи за соработка  кои влијаеле за признавање на македонската државност и приемот на Македонија во НАТО. Целиот свој живот му го има посветено во промовирање на македонската нација и подобрување на односите меѓу Америка и Македонија, поради што е назначен и како почесен член во ОМД. Како хуманист има организирано фондации за помош на македонски студенти и лица кои се без свој дом.

1ilvl1 2

Средбата ја организира директорката на Обединета Македонска Дијаспора за Нов Јужен Велс, адвокатката Вера Секуловска и публицистот Виктор Бивел. Беше убаво да се другарува со овој витален 85 годишен активист, долгогодишен член на ОМД. Средбата помина во пријателска атмосфера со размена на мислење за иднината на македонската држава, убава македонска закуска и размена на книги. Илија Влашо за Библиотеката ја подари својата книга “AN AMERIKAN SON OF MACEDONIA”, во превод на македонски од  Славе Николовски Катин, а членовите: Душан Ристевски, Иван Трпоски, Марија Александрова, Ристо Галевски, Перо Дамчевски Коцин, му подарија свои дела. Исто и Вера Секуловска му подари неколку книги од македонски автори кои живеат и творат во Австралија.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top