Дијаспора

ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА СО НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕНРТ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (23)

1gac

1ulus2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Во продолжение ја поместуваме репортажата за одржаниот концерт на ансамблот “Томов” во Струмица, пред околу 15.000 гледачи, што Фиданка Танаскова, новинар и дописник на македонското радио во Мелбурн им ја презентираше на Македонците на петтиот континент, во која се вели:

Во струмичките бели утра, уште рано-рано пред зори, Георги Томов веќе беше на нозе. Сон не го фати, та цела ноќ око не затвори, обземен од роднокрајната возбуда дека токму таа вечер тој, со одбраната програма на неговиот американско-македонски ансамбл “Томов”, за првпат ќе се претстави пред своите сограѓани, тука среде Струмица на улица.

Подизлезе низ сокаците, се прошета низ калдрмата. Одеше полека накај раскошниот парк и задоволно ги погледнуваше плакатите изналепени на повеќето места, излози и свкерови, кои го најавуваа вечерниот, по многу нешто необичен, концерт.

Беше сигурен дека тоа ќе биде еден прекрасен културен настан, но и негов промотивен настап токму во овој град, во Струмица, каде што Георги ги помина најубавите први години од неговата младост, каде што му се дел од најсвоите и град во кој секогаш доаѓа кога ќе му дозволат купот обврски таму, далеку во големиот Њујорк.

Околу пладне, сите од ансамблот “Томов”, шетајќи се низ градските маала и пошироко, со љубопитство ги разгледуваа богатите цивилизациски, духовни и културни знаменитости во овој регион и се натпреваруваа кој ќе купи понеобичен и покарактеристичен сувенир, ракотворба, или колоритен вез, понесувајќи ги како спомен од посетата на Македонија.

Беа зачудени од таа необична глетка на археолошките артефакти, од архитектурата, пазарите, старата чаршија и ракотворбите кои низ толку времиња и невремиња, низ турбулентните векови, со таква упорност и одважност ги однегувал, дочувал и генерациски ги пренесувал народниот гениј во древната македонска земја.

Стаса и очекуваната вечер. Беше тоа топла, пријатна, убава вечер. Откај падините на големата планина Беласица, ветрецот донесуваше свежина и разладување, додека река народ надоаѓаше кон центарот на градот каде што се’ беше подготвено за концертот што со внимание се исчекуваше.

Старо и младо, изнаредени на околните платоа и на улиците околу плоштадот, го формираа најубавиот декор што би го посакал секој новодојденец, односно секој уметник било аматер или професионалец, што наумил да ѝ се претстави на тукашната прекрасна публика.

Георги, главниот кореограф, беше со посебна возбуда. Беше презадоволен од толку големиот број на неговите сограѓани, од сиот тој незаборавен амбиент среде градот. И овој пат, сакаше да покаже и докаже дека роднокрајните чувства никогаш не згаснуваат и дека ете, не случајно, дури од преку океанот дојде во родната Струмица да одржи концерт со ансамблот кој лично тој го формира во САД, Њујорк.

Песнопојците и игроорците, сите до еден Американци, беа како запнат лак, опседнати со мислата дека пред олкав аудиториум, пред многубројната публика, мора да приредат концерт кој ќе се запамети како значаен културен настан.

Под споменикот на големиот македонски син Гоце Делчев, кој високо се издигнува на централниот плоштад, одекнаа звуците на најпопуларните македонски фолк-бисери. Оро до оро, песна до песна. Аплаузите на стивнува, на воодушевувањето му немаше крај.

Не случајно беше исчудувањето како Георги успеал толку добро да го подготви ансамблот. Кој би помислил дека тие не се Македонци, туку Американци, силно вљубени во нашите песни и ора.

Дури не можеше да се најде ниту една маана и на дикцијата со која тие така вешто ги пееја “Македонско девојче”, “Елено ќерко” и останатите, што како броеница ред ги редеа и непрестајно собираа искрени аплаузи.

А за ората, за чекорот, за ритамот, за “Осоговка” и “Драчевка”, за егејско, пиринско-македонскиот играорен сплет, па тоа беше посебна приказна. Со каква леснотија Американците Мајкл, Џина, Крис, Бил, Џени и останатите, облечени во раскошните мариовски и галички, во струмички и прилепски колоритни носии, ги вртеа ората, небаре чиниш дека се родени Македонци, а не луѓе што припаѓаат на други нации и доаѓаат од сосема други етникуми.

1ulus22

Играорки на ансамблот „Томов“

Ансамблот “Томов” толку ја плени насобраната петнаесет илјадната публика што и неколкуте бис-репетиции, пак, не беа доволни да се “прочита” и благодарноста и почитта и, секако, пораката за огромното задоволство од приредениот концерт и речиси професионалниот однос на овие бескрајно големи ентузијасти.

Тие, водени од упорниот и роднокраен родољуб Георги Томов, потрошиле денови и денови напорни тренинзи, вежби, самоодкажување и самодокажување, за така убаво и така добро да ги научат македонските песни и ора.

Аплаузите и извиците – браво ! и бис!, како што подоцна и самите тие момци и девојки, помлади а и малку повозрасни, со задоволство раскажуваа, биле нивната најголема награда и сатисфакција за вложениот труд, работа и вежби и дека, пак, кога би почнале одново, тие пак би биле со Георги Томов И, пак, со најголемо задоволство и предизвик, би ги учеле македонските фолклорни броеници.

Се поклонуваа многупати, а тоа како да не беше доволно. Публиката ја искажуваше својата голема благодарност што токму среде Струмица на улица, токму пред споменикот и погледот на големиот Гоце Делчев, беше приреден тој незаборавен концерт на ансамблот.

Бидејќи ансамблот “Томов” допатува специјално од Њујорк во Македонија, а со тоа и во Струмица, за да не’ увери дека она што е вредно како културно наследство, кога уште ќе се обландира со ентузијамот до фанатизам, ете какви резултати донесува.

Георги Томов, создаделот и уметничката алфа-омега на Ансамблот, остана без збор. Сатисфакцијата беше таа. Вредеше сиот труд и патриотизам. Неговиот град, неговата Струмица и неговиот ансамбл “Томов” испишаа нова страница во хронописот на овој американско-македонски ансамбловен спојовник на релација Америка-Македонија, ја завршува репортажата познатата новинарка и публицист  Фиданка Танаскова.

Продолжува

1slavek4Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top