На прво место

Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлуки за избор на нови претседатели на три општински комитети, како и на Унијата на млади сили и Унијата на жени на партијата.

Промените, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, имаат цел да внесат нова енергија и дополнително да ја зголемат ефикасноста во работењето на партијата и институциите.

За нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево е избран Дејан Пандилевски, кој го наследува Лазе Јакимоски. Мицкоски истакна дека Јакимоски успешно ја извршувал функцијата претседател на комитетот, а во иднина ќе остане посветен на обврските како заменик-министер во Министерството за јавна администрација.

Во Битола, нов претседател на Општинскиот комитет е Горан Исков, актуелен директор на АД ЕСМ „Молика“, кој доаѓа на местото на пратеникот Пеце Милевски. Милевски продолжува со своите партиски активности како заменик на генералниот секретар и ќе делува во Изборната единица 5.

За претседател на Општинскиот комитет во Прилеп е избран Христијан Тунески. Мицкоски го опиша како млад, талентиран и перспективен кадар, од кого очекува да внесе нова енергија во организацијата. Досегашниот претседател на комитетот и актуелен градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, ќе биде предложен за нов член на Извршниот комитет на партијата.

Со овие кадровски решенија, како што посочи Мицкоски, се комплетира структурата на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај промените во општинските комитети, за нов претседател на Унијата на млади сили е избран Тодор Конески, додека за нова претседателка на Унијата на жени е избрана Марија Митева, која досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата.

„Сите овие смени и во рамките на партијата и во рамките на Владата имаат за цел да внесат нова енергија и да додадат вредност во квалитетот на работењето. Новата енергија е нов импулс за уште повеќе работа, ново забрзување на реформите, економијата, капиталните инвестиции и промените што граѓаните ги очекуваат и заслужуваат“, истакна Мицкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top