Дијаспора

ПОЧИНА БРАТОТ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ЈАНКО ТОМОВ – ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ ВО АВСТРАЛИЈА (26)

tomov

tomov

На 11 февруари 2022 година  во Бризбеин, Австралија почина Македонецот Јанко Томов, кој беше познат и признат во македонската заедница на петтиот континент. Тој  беше посветен на македонските прашања и македонската кауза.. Живееше во Австралија, а со својте пишани дела беше бранител на Македонија и македонска вистина.

Јанко Томов беше роден во Струмица, на 4 мај 1938 година, а во 1945 година се преселил да живее во Скопје. Тој беше дипломиран виш спортски тренер по спортска гимнастика, тренер по атлетика и наставник  по физичко и здравствено воспитание. Дипломирал во Белград во 1961 година, на Факултетот за физичка култура при Универзитетот на Белград. Во 1970 година, заминал за Австралија во убавиот Бризбен.

Јанко Томов се бавеше и со пишување и објавување на свои трудови.

Уште во далечната 1969 година, во Скопје ја објавил првата стручна книга, од областа на физичката култура на Македонија: „Штафетни игри и полигони“ (исто така, тоа бил прв прирачник за тренери и наставници по физичко воспитание). Томов е автор и на повеќе скрипти, материјали и статии, поврзани со теми од квалитетниот спорт и физичка култура во Македонија.

Меѓутоа, неговата активност во Австралија ги измени координатите и тој од спортски работник премина во еден голем активист во македонското движење. Така, како македонски активист на петтиот континент, Јанко Томов беше еден од основачите на „Тајната народна македонска револуционерна организација (ТНМРО), со огранокот „Група македонски патриоти“ од 1985 година во Перт.

Томов е основач и прв претседател на огранокот (задграничниот Комитет) на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија. Бил член и на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, со одлука на Драган Богдановски и со одлука на неговите претставници во Австралија.

Јанко Томов беше и еден од главните организатори на македонските демонстрации одржани во Перт на 1 јули 1990 година пред Грчкиот конзулат, каде за првпат пред јавноста на Перт се истакнаа македонските знамиња со шеснаесетзрачното сонце и други одбележја поврзани со античко-македонското потекло. Бил и активен член на Извршниот одбор на Органзиацијата за „Македонски човекови права“ (МЧП) за Западна Австралија, а бил и еден од уредниците на „Македонски патриотски билтен“, кој излегувал во периодот 1989-1990 година, во кој објавувал статии и обработени материјали од национално-политички карактер.

Бројни се активностите на Јанко Томов, меѓу кои: Од 2010 година објавува национално – политички статии и историски материјали од активноста на македонското движење во дијаспората, во порталот на интернет „Македонска нација“ од Скопје, каде беше еден од уредниците. Во 1996 година, Јанко Томов, заедно со неговата супруга Нина се преселува во Бризбен, во државата Квинсленд, каде на северната страна се наоѓа најпрочуеното туристичко место „Сончевиот брег“ (Саншајн коуст). И таму ја продолжува соработката и контактите со патриоти, а, пред сè, да пишува национални, политички, историски и други текстови за македонските човекови права и слободи и да ги испраќа по различни адреси за живеење на голем број Македонци со кои комуницирал во минатото.

Прво негово дело е „Првиот светски конгрес за македонски човекови права“ (1990),  има уште едно издание во 2015 година. Во него се објавени бројни публикувани статии, особено во порталот „Македонска нација“ и одреден број што авторот ги испраќал околу 600 е-меил адреси, до негови ценети читатели од периодот  2011-2015 година.

Потоа во 2000 година ја издаде книгата: „Поткрепа од убавиот Перт“. Таа е напишана на 310 страници и илустрирана со голем број фотографии од првите демонстрации на македонското иселеништво од Перт, пред Конзулатот на Грција. Вториот дел е посветен на основањето на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, раководен од Драган Богдановски и Панко Стамкоски, во кој членувал и Јанко, како и на основањето на Задграничните комитети во Австралија, за кои беше задолжен Јанко Томов.

Делото „Поткрепа од убавиот Перт“ му даде силен поттик да ја продолжи својата публицистичка дејност и објавување на патриотски текстови, кои, главно, се однесуваа на состојбите во Македонија. Во тие години, во новата средина во Бризбен ги објави книгите „Солунскиот манифест од 1984 и движењето за човекови права во дијаспората“ (2003) и „Откритија за важни настани во македонската историја“ (2004). Во второто дело објавува одбрани текстови и писма за контактите со бројни активисти во дијаспората. Така, уште на почетокот ги пренесува неговите активности на патриотско поле, неговите видувања за решавање на актуелните прашања и проблеми во иселеништвото и во Република Македонија.

Особена нагласка имаат материјалите кои се однесуваат за признавањето на уставното име на Македонија, македонската националност, од страна на Федералната влада и Парламентот. Исто така, има текстови за правилното решавање на верскиот проблем во македонски православни цркви и манастири во Австалија.

Посебен простор во ова дело посветува на голем број текстови кои се осврнуваат на недостатоците и недоследностите на бројни дела од политички, национален, историски, лингвистички и друг аспек, гледано од негов патриотски агол, а воден од љубовта кон својот македонски народ во дијаспората и во татковината – етничка Македонија.

Исто така, Јанко Томов е автор на делото „Мојот придонес за Македонија“ (2014), книгата е отпечатена во одреден број примероци нa 258 страници, а издавач е Печатницата „2  Август“ од Штип. Во книгата се опфатени поединости за првите македонски политички организации, кои ги основаат и со кои раководат лево и десно политички орентирани македонски лидери и членство, од поголемите организации како ДООМ, НМРО, ТНМРО, преку македонските поткомитети за МЧП. Исто така, поместени се текстови за списанијата, весниците и порталите: „Македонска нација“, „Македонија“, „Глас на Македонците“ и други. 

Потоа, подетално се прикажани семакедонските мирни протести и демонстрации пред амбасадите и конзулатите на Грција, Бугарија и СФР Југославија во Австралија, со цел признавање на македонската националност и основните македонски човекови права во окупираните етнички делови на Македонија. Исто така, прикажан е главниот дел на патриотската активност на македонското иселеништво преку челниците – лидерите и нивните најблиски соработници, од крајот на Втората светска војна до осамостојувањето на Република Македонија и основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Посебно детално е документиран мирниот протест, пред Парламентот на Викторија во Мелбурн во 2008 година, каде учествуваа 30.000 македонски демонстранти.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copyПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top