Дијаспора

Денес е ден на гордост за сите македонци и пријатели на Македонија!

mani 1

mani 1

На овој ден во 2004, неколку македонски-американци отидоа во Стејт Дипартментот на САД за да изразат загриженост за археолошките загрозувања при градење на американската амбасада во Скопје на тврдината Кале. На тој состанок, тие исто така ја отворија темата со претставници на администрацијата на претседателот Џорџ Буш за признавање на Македонија по нејзиното уставно име “Republic of Macedonia” (Република Македонија) наместо привремената референца “the former Yugoslav Republic of Macedonia” (Поранешна Југословенска Република Македонија).

Овој состанок е она што ги инспираше овие неколкумина македонци да ја создадат организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), почнувајќи со петиција која собра повеќе од 125,000 потписи од македонци и пријатели на Македонија на глобално ниво. Повикот беше едноставен и прецизен: глобално признавање на Македонија и зачувување на човековите права и верските слободи на Македонците насекаде низ светот.

По само една недела, на 4-ти Ноември, администрацијата на Буш го избра патот на правдата и самоопределувањето, признавајќи ја Македонија под своето уставно име. За ова ние сме безкрајно благодарни на сите македонски-американци кои работеа во администрацијата на Буш и безброј македонско-американски бизнис и општествени лидери, организации и активисти низ целите Соединети Американски Држави.

Во годините кои следуваа, други македонски организации, македонски бизнис заедници кои се во сопственост на македонци и различни општествени лидери и активисти и се придружија на ОМД во макотрпната работа за признавање на Македонија под уставното име од страна на Канада, Унгарија и Индија. До 2018 година, 140 држави ја признаа Македонија под уставното име.

Сепак, во 2018 година, под притисок на Република Грција, владата на Зоран Заев го уништи овој тешко постигнат напредок со потпишување на неуставниот договор од Преспа. И покрај неуспешниот референдум и општото противење, името беше сменето во „Северна Македонија“ и како резултат на тоа, македонците честопати беа погрешно етикетирани како „северномакедонци“.

ОМД се бори против ова погрешно претставување со собирање на македонците на глобално ниво. Преку нашето глобално движење „Ние сме Македонија“, составено од бројни светски македонски организации, изнесовме стотици илјади македонци на улиците, од Скопје до Сиднеј. Денес, ОМД продолжува да ги проверува владите и медиумите ширум светот, за да се осигура дека македонците се прецизно и точно идентификувани.

Веќе 20 години, ОМД е кредибилна, доверлива организација, која работи со ограничен буџет за да ги унапреди интересите на македонците на глобално ниво.

Дозволете ми да споделам неколку важни достигнувања на ОМД од 2004 година:

  • $1,5 милиони американски долари + помош за хуманитарна помош за Македонија, од изградба на медицински клиники до снабдување со противпожарна опрема и поддршка на децата со попреченост.
  • $1 милион долари + во едукативни и културни активности, вклучувајќи:
  • $180.000 во Битов стипендии за студенти со македонското потекло ширум светот
  • 59 студенти за нашата програма Birthright Macedonia
  • 350 студенти преку лидерски конференции и програми за менторство на Генерација М
  • 150+ практиканти преку нашата канцеларија во Вашингтон и Конгресната програма за практикантска работа Ачевска
  • 4.000+ присуства на конференции, форуми и културни настани на ОМД

Ова е само дел од она што го постигнавме, благодарение на вас и нас како македонци и пријатели на Македонија.

Од своите почетоци во Вашингтон, ОМД сега има регистрирани ентитети во Австралија, Канада, Македонија, Шведска и САД, и посветени претставници кои им служат на македонските заедници насекаде низ светот.

Нашата работа е далеку од завршена.

Додека гледаме кон иднината, потребна ни е непрекината поддршка од страна на нашата татковина за да продолжиме со:

  • Застапување на правата на македонците на глобално ниво
  • Поддржување на културни иницијативи за зачувување на нашето македонско наследство
  • Помагање на членовите на заедницата кои се соочуваат со предизвици

Ви благодариме за постојаната поддршка и што сте дел од нашата заедница.

За уште 20 години застапување и единство!

Со почит,

Арџи Н. Белио

Претседавач на Бордот, Обединета Македонска Дијаспора

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top