Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” ОД ТОРОНТО (32)

991

991

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Се обидовме да   го претставиме животот и делото на еден од најистакнатите Македонци на северноамериканскиот континент бизнисменот Стив Пљакас, кој е роден во егејска Македонија, а живее во Канада. Преку неговото монографско дело на англиски и македонски јазик, насловено како „Стив Пљакас“ од авторот на овие редови, Славе Катин, а во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2017 година, читателите ќе бидат запознати со бројни аргументи и факти за делото на Стив Пљакас како бранител на вистината за Македонија

Во Канада, Стив одблизу ја следи активноста на мошне познатата и една од најдолговечните организации на македонските иселеници, „Обединети Македонци“. Сета нивна агенда и мошне впечатлив ангажман го повлече Стив да влезе во организацијата, непосредно по неговата венчавка во македонскиот православен храм „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Тој станува еден од најактивните членови и поддржувачи, поточно кажано силен борец за афирмација на македонската кауза и на македонскиот етникум во мултиетничка Канада. Многу од неговите заложби, упорност и конкретни активности, се ефектно реализирани. Тоа е сторено низ најразлични форми, содржини и начини и низ директни манифестации за време на претседателскиот мандат на Стив Пљакас.

Имено, во 1988 година кога тој е избран за претседател на организацијата „Обединети Македонци“, се отвора нова страница во програмскиот, организациски  и манифестациски поглед. Претседателот со своите соработници, со истомислениците и многубројното верно членство, направија навистина доста исчекори.

Факт е дека Стив вложи многу од себе, за да ја иновира и динамизира работата. Да воведе дел од модерните пристапи и да покаже и докаже дека македонската нација и земја се со длабоки корени. Дека нивните цивилизациски и национални достоинства имаат многувековна верификација и себепотврдување.

Годината 1988 ја одбележуваат два многу важни настана како многу значајна година. На нив присуствува делегацијата на „Обединети Македонци“. Првиот настан е оној за кој веќе спомнавме – Првата Светска средба на децата-бегалци во македонската метропола Скопје. Вториот, настан се случил во Њујорк на 10 август.

9911

Тогаш група доблесни патриоти организирал марш до зградата на светската асамблеја, на Обединетите нации на Ист Ривер. Управниот одбор на „Обединети Македонци” се согласил кога од Стив Пљакас била побарана помош за поддршка.  

И, всушност, тие биле водечката група која ги претставувала Македонците во седиштето на Обединетите нации. На истиот ден, на 75.трагични години од распарчувањето на Македонија, шестчлената делегација се искачила на 33 кат каде биле примени во Генералниот секретаријат на Обединетите нации.

Таму ја објасниле целата приказна, дека сакаат нашата Македонија повторно да се обедини и да бидат една целина поднебјата на вардарскиот, егејскиот, пиринскиот дел и Мала Преспа.

Натаму, низ времето и активностите, Стив и другарите настојувале да покажат и докажат во Канада и Америка, дека македонскиот народ е бибилиски и дека не случајно повеќе пати е споменат во Светото писмо. Дека континуитет на неговото постоење се неизбришливите докази.

Или дека најголемиот стратег и војсководец не случајно се вика Александар Македонски. Преселбите, војните, насилството и егзодусите постојано ги следеле. Но, Македонците биле и останале Македонци, на своја територија и на Балканскиот Полуостров, во јужното крило на европскиот континент.

Во 1991 година Стив Пљакас повторно е реизбран за претседател на познатата организација „Обединети Македонци” од Канада. Истата година, 8 септември е најголемиот ден во современата македонска историја. Најважниот настан за Македонците каде и да се на планетата Земја, кои дочекаа да имаат своја независна матична држава.

 На 6 септември се одржа Референдумот за самостојна, суверена Република Македонија. По толку војни, окупаторски зулуми и неброени жртви, дојде чинот да одлучи македонскиот народ – да биде свој на своето.

На организираниот Референдум одржан во Република Македонија и во поголемите иселенички средини на Македонците во светот, резултатот беше импозантен. Дури 96 отсто од народот беше – за своја самостојна македонска држава.

Продолжува

slavek 1 copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top