Дијаспора

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ И СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА (1)

5112

5112

Македонското литературни друштво „Григор Прличев“ претставува столб на културните и литературните збиднувања на Македонците и нивните пријатели во Австралија и ширум светот. Исто така и Библиотеката на Друштво именувана по преродбеникот од Охрид, Григор Прличев, веќе 45 години успешно функционира и претставува  дом за Македонците во Сиднеј

Македонските информативни гласила во Австралија се средства за продолжување на мајчиниот јазик донесен од дедовската земја – Македонија. Тие во исто време се моќен фактор за зачувување на ционалниот дух, го јакнат патриотското единство и ги афирмираат националните вредности рамноправно со другите етнички заедници што живеат во демократска Австралија.

Посебен простор за информативните гласила во иселеништвото е посветен  во публикацијата “Македонскиот иселенички печат“, чиј авторот е Славе Николовски-Катин, а издавач е НИО „Студентски збор“, од Скопје во 1993 година, на  254 страници на македонски јазик, додека рецензенти се д-р Боро Мокров и д-р Весна Шопар, додека. Оваа публикација има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот кај македонското иселеништво во Австралија, Канада, САД и Европа (Европската Унија).

Меѓу другите информативни гласила во Австралија, посебен простор во публикацијата е посветен на едно од најзначајннте македонски rласила – списанието „Повод”, кое е орган на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Тоа е прво македонско списание во Австралија и единствено од ваков во македонското иселеништво.

Друштвото „Григор Прличев“ е прва литературна асоцијација од таков вид во дијаспората. Тоа беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата. Познатиот иселеник, поет, писател, драматург, општественик  Душан Ристевски беше првиот избран претседател на Друштвото, во кое се зачленети десетици познати и признати  вљубеници на убавиот македонски литературен јазик, во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството., во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата и јазикот.

Меѓу другото, Македонското литературно друштвото „Григор Прличев“ со неколку илјади книги, списанија и други материјали, организира наградни конкурси за најдобри литературни творби, а организира и богата издавачка дејност на дела од македонските доселеници, кои во слободното време се занимаваат со пишување.

Во Друштвото членуваат голем број творци на поетски и прозни остварувања. Тие се чувари на сè она што е македонско и се продолжувачи на културните вредности на македонскиот народ од сите делови на Македонија во македонското иселеништво (дијаспората).

Инаку, издавачката дејност на друштво „Григор Прличев“ е многустрана. Меѓу другото, таа има големо значење за афирмирање на литературните остварувања на Македонците во Австралија и светот, како и за достоинствено презентирање на македонските доселеници и нивните културни вредности кои се дел од мултикултурата на многунационалното и демократско општество во Австралија.

Библиотеката на друштво „Григор Прличев“, пак, именувана по преродбеникот од Охрид, Григор Прличев, веќе 45 години успешно функционира во Сиднеј. На 31 март 1978 Библиотеката ја основаа членовите на австралиско-македонската заедница во Сиднеј, а целта е да се изучува, зачува и промовира македонскиот јазик и македонските литературни вредности.

Мисијата на Библиотеката е да се збогати мултикултурното општество во Австралија со македонски книжевни дела. Четири и пол децении од основањето на Библиотеката е историски момент за македонската заедница во Сиднеј и пошироко за мултикултурна Австралија..

Затоа, може да се нагласи дека денес Македонското литературни друштво „Григор Прличев“ претставува столб на културните и литературните збиднувања на Македонците и нивните пријатели во Австралија и ширум светот. Тоа е едно од најзначајните публицистички куќи, културни и се’македонски центри кое ги собира, зближува и надградува бројните интелектуалци, вљубеници во пишаниот збор, во театарскиот храм и во се’ она што значи зачувување и афирмација на културата, јазикот, името и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

51123

Инаку, списанието „Повод“ заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката писателска, новинарска, научно – културна јавност, а и од секој Македонец во дијаспората и во Македонија. Во овој миг „Повод“ претставува значајна и своевидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот од сите делови на Македонија кои свиле гнездо во мултикултурна Австралија и во светот.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку литературните остварувања, фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин или на јазикот на кој зборува мнозинскиот народ.

Тие се пласираат и афирмираат низ сопствените печатени или електронски медиуми и воопшто низ повеќе насочената комуникација, која сé поинтензивно се остварува меѓу деловите на македонскиот народ во светот со нивната матична држава – Република Македонија.

Списаниет „Повод“, низ сите аспекти, евидентно ја по­ка­­жува и докажува иднината и судбината на Македонците, откривајќи низа значајни визури од животот и деј­ству­­вањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на литературните и културните процеси во Австралија, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Продолжува

slavek 1 copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top