Дијаспора

35 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ВО СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА (5)

111 copy

111 copy

Денес, кога ќе се потсетиме на тие настани, не сме свесни дека толку брзо изминал толкав временски период, низ кој друштвото раснело и израснало во еден вистински творечко-литературен гигант.

Дали некој од тие тогашни интелектуалци си замислувал дека друштвото „Григор Прличев“ ќе опстои толку долг временски период истопорено пред времето и просторот во кое го промовира македонскиот јазик, литература и култура. Дали некој замислуваше дека тоа ќе прерасне во издавач на книги и ќе издаде 70 наслови од Австралиско-македонски автори, како и автори од Р. Македонија, САД, Канада, Егејска и Пиринска Македонија и од други места.

На страниците од книгите на членовите на друштвото ќе биде распослан сиот печалбарски гнев кон обединувањето на Македонија и за прогонството на печалбарите од родните нивни огништа.

Токму тие книги ќе му остават национален белег на многуетничкиот австралиски меѓник. Не само со испечатените книжевни дела што ќе остави друштвото трајни белези во мултикултурното австралиско општество, туку него ќе го запаметат и од културните настани кои редовно ги организираше или им гостуваше на повеќе етнички заедници со кои трајно соработуваше.

Друштвото ќе го вивне во просторот националниот дострел со организирање на наградни конкурси, со промоции на книги, со одржување на симпозиуми, литературни манифестации, Денови на македонска култура итн. итн. на кои ќе ги манифестира македонскиот јазик, литература, култура и историја.

По наметнатите неправди на татковината со отстранување на националните симболи и насилно преименовање на јазикот и државата, членовите мошне жолчно ќе го искажуаат својот револт со испраќање на протесни писма до повеќе претставништва и институции насекаде низ светските метрополи.

Својот револт тие јавно го искажуваа со своето присуство на бројните демонстрации на кои настапуваа со извикувања пароли, читања на меморандуми, испраќања на посланија итн. Поради ваквата агресивност на членовте, а во одбрана на татковината, соседските хулигани покрај палењето на македонските цркви и културни центри тие со опожарување и се закануваа и на Библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј.

Сите записи во кои учествувале членовите на друштвото „Григор Прличев“ дали тоа биле од литературен, културен, протестен или дописен, сите тие документи се чуваат во Архивските книги на друштвото. Во неговите трезори е сместен список на преку 300 егистрирани членови.

1111 copy copy

Средба на Прличевци со владиката Тимотеј и неговите свештеници (Сиднеј – 9.2.1987)

А низ неговата врата минале стотина еминентни личности од Австралиската и Македонска јавност, кои оставиле своирачни запишани спомени. (Меѓу нив се: владиката Тимотеј, архимандритот Царкњас од Егејска Македонија, внукот на Григор Прличев, Кирил Прличев од Софија, претседателот на ОМД Мето Колоски од Вашингтон).

За својота понудена помош Друштвото прогласило петнаесет почесни членови: Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ѓорѓи Сталев, Илија Чашуле, Блаже Конески, Томас Шапкот, Јован Кокаловски, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски Славе Катин и Александар Донски.

Десетина членови од друштвото Прличев се зачленети во ДПМ и исто толку настапиле на СВП во Струга (Иван Трпоски, Бранко Наумовски, Душан Ристевски, Перо Дамчевски Коцин, Горјан Маслинкоски, Димче Џајкоски, Љилјана Тошеска, Олга Николовска, Васка Дренковска и Крсте Наумоски). 

Тука е сместена целата 35 годишна бурна историја низ која не така лесно се провлекувале членовите на ова мошне прогресивно литературно друштво, а кои документи ќе и сведочат на историјата за опстојбата на друштвото кое ја промовира македонската литература и култура во оваа многу далечна австралиска земја.За ваквиот успех на друштвото „Григор Прличев“ покрај членовите заслуга им препишуваме на финансиските поткрепители како и на бројните медиумски гласила. Благодарност испраќаме до Матицата на иселеници од Македонија која друштвото со децении го подржуваше, а и до Агенција за иселеништво на РМ која последнава деценија најредовно ги одржува врските со иселениците и родната татковина Македонија.

Честитки до управата и до членовите на друштвото со желби за уште поголеми успеси во иднина при остварувањето на литературните цели. Честит 35-то годишниот Јубилеј, здравје, слога и просперитет.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top