На прво место

Николоски: Заврши реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, товарните возови ќе сообраќаат по линијата Драчево – Илинденв

Обновената пруга ќе го пренасочи товарниот железнички сообраќај надвор од Скопје, а до крајот на август се очекува и нејзино официјално пуштање во употреба.

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје, односно пругата на делницата Драчево – Илинден, со што ќе се овозможи товарните возови да се пренасочат надвор од градот, соопшти Министерството за транспорт.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, извршија увид во реконструираната делница, при што беше реализирано и тест-возење.

Според Николоски, по оваа пруга ќе се одвива исклучиво товарен железнички сообраќај, што ќе придонесе за подобра организација и поефикасен развој на железничкиот транспорт.

„Драго ми е што правиме тест-возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Градот Скопје, линијата меѓу Драчево и Илинден, со која товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.

Со реализацијата на овој проект многу се придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје, имајќи предвид дека товарните возови повеќе нема да влегуваат во градот.

Ова е проект што го работеше ЈП Железници Инфраструктура и го заврши во максимално брз рок. Во моментов има тест-период, по што треба да се изврши технички прием и очекувам за дваесетина дена карго-возовите да ја користат оваа делница.

Тоа ќе значи многу за заштитата на животната средина и за намалувањето на загадувањето во Скопје, а од друга страна ќе овозможи побрз карго-сообраќај на Коридорот 10, што ќе донесе повеќе бизнис, повеќе железнички композиции на македонските пруги и значително ќе придонесе за развојот на стопанството и транспортот.

За многу брзо време, не подоцна од 1 септември, се гледаме и на пуштањето во употреба на Градскиот воз, со првата линија која ќе сообраќа од Зелениково, преку Драчево, до центарот на Скопје“, изјави Николоски.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top