На прво место

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе прифати договор на опозицијата доколку се обезбеди право на гласање на дијаспората по електронски пат или по пошта и повика на политички дијалог наместо блокади.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски, порача дека СДС, Левица и ДУИ најнапред треба да изградат заеднички став околу измените на Изборниот законик, по што владејачката партија е подготвена да разговара за сите предложени решенија.

„СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати сè што ќе побараат, само дијаспората да може да гласа по електронски пат или по пошта“, истакна Манасиевски.

Според него, македонската јавност е сведок на, како што оцени, целосна политичка конфузија кај СДС, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик.

„Не може еден ден да се договараат, а следниот ден да го блокираат истиот закон кој веќе бил договорен. Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања“, нагласи Манасиевски.

Тој ги повика опозициските партии најпрво да постигнат меѓусебен договор за клучните прашања поврзани со изборните правила.

„Да седнат и да се договорат за една изборна единица, за моделот на финансирање, за постапката по приговорите и начинот на кој тие би биле прифатливи, како и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето она што овие опозициски партии ќе го понудат, ние ќе го прифатиме“, рече тој.

Манасиевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да разговара за секое прашање што е важно за унапредување на политичкиот систем, продолжување на реформите, европската интеграција на државата и интересите на сите граѓани.

„Нашата определба е дијалог, а не блокади“, порача тој.

Според Манасиевски, Изборниот законик не смее да стане жртва на дневнополитички калкулации.

„Доколку СДС, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да седне на маса и да разговара во интерес на државата и на сите нејзини граѓани“, истакна Манасиевски.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top