Дијаспора

ПОСВЕТЕНОСТА НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ БР. 57 НА ИЛИНДЕН И НА ИСЕЛЕНИКОТ ИВАН ТРПОСКИ (10)

11 copy copy

11 copy copy

Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Меѓутоа, за одбележување е тоа што ја објави Резолуција од Дијаспората под надлов „ИЛИНДЕН е нашето минато, сегашност и иднина“ . Оваа Резолуција се однесува на нашата татковина Македонија која пригодно ја одбележа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ.

Затоа, најновиот број на списанието „Повод“ бр. 57  за август 2022 година е наменето за литература и култура. Тоа се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е посветено на најголемиот македонски празник Илинден и на доблесниот македонски иселеник од Сиднеј, Иван Трпоски.

Всушност, списанието „Повод“ е посветено на делото на Иван Трпоски, кое е отпечатено по повод 80-от роденден (21 јуни) на овој познат и признат македонски иселеник од Сиднеј, Австралија. Ова  дело е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј уредник е Душан Ристевски, а рецензенти се : Д-р Науме Радичевски и д-р Димитар Пандев. Монографијата „Ова е мојот живот“.е публикација на 520 страници на македонски јазик.

Делото на Иван Трпоски „Ова е мојот живот“ претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден Австралијанец од македонско потекло во чиј живот и дела се испреплетени неговите две татковини, Македонија и Австралија. Затоа неговото дело е еубав пример и патоказ на еден честит и трудољубив австралиски Македонка, на кого татковините му се и радост и тага и восхит.

Во овој број повеќе членови на Друштвото се преставија со своја поезија со која се искажува љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците кои го дадоа животот да се формира Република Македонија за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик, нација и сите културни и национални вредности.

По поезијата следува дебата за сето она што се случува во Македонија, посебно за барањата на фашистичка Бугарија и предавничката политика на владејачката СДСМ и ДУИ кои им подлегнуваат на француските барања и уцени за промена на Уставот, бришење на македонската историја, јазик и идентитет – потпишување на смртната казна за Македонците и Македонија.

Во Резолуцијата, меѓу другото се вели: „Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората остро ја осудуваме владата на Република Македонија која е на пат кон уништување на македонската државност и нација. Менувањето на уставот и следење договори на предавство ќе има негативни и застрашувачки последици за Македонија поради тоа што со вакви измени се распродава идентитетот, историјата, јазикот и државата. Ние бараме да се прекинат какви и да било договарања со Бугарија и Европската заедница и да се прејде кон заштита на македонскиот јазик и култура во Република Македонија и поробените делови на Македонија“

Во продолженије во списанието „Повод“ се поместени поетски остваруавња од  шест македонски поети од Австралија, кои одушевуваат со своите поетски способности и патриотска љубов кон Макеедонија. Потоа, за прославата на 119- годишнината од Илинденското востание и прогласувањето на слободната Крушевска Република на Балканот, се пренесени пораки и завети од Илинденската коњаница, која од Скопје, Битола, Струмица, Бигорски и Гостиварско-долнореканскиот крај, помина десетици и десетици километри, сѐ до славното Крушево, пристигнувајќи на прославата на Илинден.

Исто така, во овој број на списанието „Повод“ е даде профилот на артистот Никола Апостоловски, кој во Австралиско – македонскиот театар од Сиднеј дојде случајно, но истиот му врежа голема љубов и му донесе бројни пријатели и познанства. Никола одигрува два карактера, улогата на синот и попот. Прекрасна драма која ги опишува збиднувањата и проблемите што се случуваа во македонските цркви во Австралија и низ еден комичен но истовремено многу болен и сериозен начин го „расветли“ расколот во македонската заедница поради збиднувањата во однос на црковниот живот.

Во наредниот текст е претставен брачниот пар Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе кој се Македонци и кои долги години живееја во Мелбурн, Австралија, а сега се преселија во Скопје, во Македонија. Тие долг период претставуваа мост на зближување на родниот крај – Македонија, и на втората татковина Австралија. Животната сторија на Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе е интересна,,долга и широка”. Истовремено таа е и дел од историската судбина на Битола, Скопје, на Македонија и на македонската иселеничка сага во Австралија.

Потоа е даден текст за книгата „ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија (1946 – 1949“ во која е автентичниот дневник од еден од командирите на ДАГ – Георги Христовски од село Трсје, Леринско. Книгата е подготвена и целосно финансирана од страна на неговиот брат Сотир (Сем) Ристовски од Мелбурн.

111 copy copyВо списанието е објавен и тектс за неодамнештото издание во Австралија на Задграничните комитети на ВМРОДПМНЕ од Перт и Аделајд кое ја издаде книгата на македонски и англиски јазик „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“. Тука е објавен Предговорот од проф. Д-р Виолета Ачкоска.

Во него се вели дека на 17 јуни 1990 година во Скопје се одржа основачкото собрание на новата партија во семејството на европската десница, ВМРО – ДПМНЕ, чиј основач и идеолог е Драган Богдановски, партија која врз идеалите на историското ВМРО се бореше за самостојна, суверена Република Македонија. Нејзиниот темел го постави македонската политичка миграција предводена од Драган Богдановски, од која голем дел беа судени или прогонети заради нивниот патриотизам и идеал – самостојна, обединета Македонија.

Потоа е даден текст за  збирката поезија „Магични љубовни зборови“ на поетесата Оливера Јовановска од Мелбурн во која се објавени 56 песни кои се поделени на три циклуси, а рецензент на истата е писателот Александар Донски.

На крај е дадена издавачката дејност на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое е формира на 31 март 1978 година во Сиднеј со цел да ги зближи и соедини македонските емигранти во Австралија кои активно создаваат во полето на литературата; а тие да го чуваат и одгледуваат македонскиот литературен јазик и македонската литература, а со тоа да бидат чувари на вистината за Македонија.

Продолжува

6b-slave copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top