Дијаспора

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА “АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (28)

2222

Manc3

Со право може да се рече дека Театарот е добротворна општествена организација со цел да ја промовира драмската и театарската уметност во Австралија, но ,исто така, повеќето од драмите, поради темите поврзани со здравјето и семејството, се употребија за просветување на македонската заедница. 

Меѓу значајните датуми за Македонците во Сиднеј е, секако, 31 март 2016 година кога се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. По повод овот значаен јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за престојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницата од постоењето. Се ипланира покрај издавањето на повеќе наслови од членовите, да се издадат книгите: Монографија  од Друштвото; Архивот на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови.

На седницата исто така се усвоија предлозите за прогласување на нови почесни членови и дописни членови кои активно го помогнувале Друштвото во еден подолг период. За почесни членови се прогласија: Раде Силјан, истакнат поет, книжевен критичар, преведувач и долгогодишен издавач; Панде Манојлов, истакнат поет, прозаист, критичар и новинар; Фиданка Танаскова, истакната новинарка и писателка.

За дописни членови, кои активно го промовираат Друштвото за последните пет години, се прогласија: Игор Павловски од Мелбурн; Наум Трајчески од Квинбијан; Гроздан Јовановски од Њукастел (сите од Австралија), потоа Радојка Трајанова од Скопје (Македонија); Лилјана Стоилковска – Андовска од Малме (Шведска); Саво Костадиновски од Келн (Германија); Милица Паулус од Минхен (Германија); Елизабета Петровска од Загреб (Хрватска); Ристо Стефов од Онтарио (Канада); Алексо Лозановски од Торонто (Канада); Михаил Серафиноф од Вашингтон (Америка).

По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ на 9 септември 2018 година организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова.

Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Иста така Иван за време неговата посета во македонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.

Во оваа пригода ќе ги регистрираме постигнувањата  за што се добиени видни награди признанија. Така, Театарот, преку своите продукции успешно делува во промовирање на македонската култура и нација во Австралија. Претставите се посетени од повеќе илјади Македонци од сите генерации како и од австралјанската публика. 

Делови од преставите како и целосни престави се работени и на англиски јазик за пошироката публика. Театарот е награден во 2009 година од Министерството за здравје и Центарот за ментално здравје за успешното иноваторство во едуцирање на македонската заедница. Во 2015 година, од Мултикултурен НЈВ, Театарот ја доби престижната национална награда за култура и уметност за драмата „Ограда“. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во 2015 год. на Театарот му додели Повелба за промовирање на македонската култура и нација.

Исто така, во септември 2016 година,претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го одликува познатиот иселеник од Сиднеј, Иван Трпоски со медал за  заслуги за Македонија. Иван медалот го доби за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во Австралија и за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу татковината – Република Македонија и втората татковина во која живее близу пет децении – демократска и мултикултурна Австралија.

Покрај тоа што Театарот повеќе пати е наградуван, самите артистите се имаат здобиено со повеќе награди. Драматургот Душан Ристевски е награден со посебна награда за театарско иноваторство од Министерството за здравје на Нов Јужен Велс за драмата „Страв и срам“.  Премиерот на Нов Јужен Велс во 2015 година го награде Душан Ристевски за неговата неизмерна работа во мултикултурната заедница посебно во театарската уметност.

Артистите Олга Николовска, Васко Србиновски како и режисерот Стефо Нанцу се добитници на наградата „Златно сонце“ за своите достигнувања во театарската уметност и нивната работа во овој македоснки театар. Со цел да се признаат креативните способности на артистите во Австралија, во 2015 година

Manc4Иван Трпоски награден со медал за заслуги за Македонија

Театарот ја воспостави наградата „Александар Македонски“. Оваа престижна награда за најдобро толкување на машка улога ја имаат добиено Стефо Нанцу (2015) и Васко Србиновски (2016) за најдобро толкување на женска улога ја имаат добиено Јаворка Котевска (2015) и Валентина Апостоловска (2016). Со наградата за животно дело во работење во театарот се наградени Душан Ристевски (2015) и Васко Србиновски (2016).

Од активностите на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј  треба да се одбележи дека поетската драматизација „Неда“ од Душан Ристевски во продукција на  успешно се постави на сцена на Гала вечерта на 17 декември посветена на доделувањето на наградите за глума Александар Македонски за 2016 година.

Интересно е да се спомне дека „Неда“ за прв пат беше прикажана пред цели 20 години, во 1996 година, а во изведба на Македонскиот театар „Благоја Нешковски“ од Волонгонг, во главна улога на Олга Николовска. Треба да се збележи дека Македонскиот театар зад себе имаше плодна артистичка годишна програма, прикажа две драми: „Куферот“ и „Баба се мажи“ и ја заокружи програмата со поетската драматизација „Неда“.

Исто така, на 17 декември 2016 во просториите на Civic Theatre во Хрствил (предградие на Сиднеј) се одржа Гала вечер посветена на театарската уметност при што се доделија престижните награди Александар Македонски. Гала вечерта официјално ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Австралија, неговата екселенција Веле Трпевски. За најдобра актерка прогласена Валентина Апостоловска, а за најдобар актер Васко Србиновски.

Во еден убав на високо ниво амбиент и богата програма Австралиско македонскиот театар од Сиднеј по втор пат ја организира својата традиционална Гала вечер при што за присутните приреди забава, драмски изведби и го возвиши името на Александар Македонски со доделувањето на награди за глума и сценска уметност.Вечерта започна со прикажување на поетската драматизација Неда од Душан Ристевски, работена според поемата Сердарот од Григор Прличев. 

Треба да се одбележи дека на 3 декември 2016 година, во просториите на Полскиот клуб се прикажа последната петта престава на „Баба се мажи“. Како и што се очекуваше, до последно место беше пополнато и публиката задоволна го напушти клубот со благодарност и барање преставата повторно да се прикаже и да уживаат во доживувањата на баба Јана која преку ноќ стана сензација или целебрити – славна..

Според кажувањето на драматургот Душан Ристевски, „Баба се мажи“ беше една од најгледаните престави на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Истата беше видена од повеќе од 1500 луѓе, публиката задоволна, коментарите позитивни, а и глумачкиот тим задоволен што успеа да се даде квалитетна престава. Турнејата за во другите градови изгледа е неизбежна во почетокот на годината, а и се планираат други две нови продукции за наредната година, едната наменета за младите.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top