Дијаспора

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА „АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ И ДРУШТВОТО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ (31)

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во мај 2020 година во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ а во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј се издаде драмата „Камењата“ од Стефо Нанцу и Том Лајкос. Рецензент на драмата е Александар Донски а преводот на македонски е од Бубе Донска.

Драмата “Камењата“ прв пат беше изведена во Trinity College, во Мелбурн, на 13 јуни 1996 година со двајцата автори кои исто се и актери. Драмата се прикажа преку интернационално познатиот и наградуван театарот Zeal и досега успешно е прикажана повеќе од 1400 пати. Покрај многубројните изведби во Австралија истата е прикажана во Националниот Театар во Лондон, Театарот „Победа“ во Њујорк, „Де Краклинг“ во Амстердам, театарот „Каземодо“ во Токио и во „Зиан-Хорн“ на Дунав во Австрија. Претставата е преведена и продуцирана во над триесет држави, а режирана од самите автори за театарски компании во Германија, Канада, Велс, Холандија, Унгарија, Данска, Турција и Норвешка.

Драмата „Камењата“ има добиено повеќе национални и интернационални награди, а театарот Zeal беше награден со престигиозната „ASSITEJ Интернационален избор на Режисери“ награда за „Извонредност во индустријата на театарот за млади личности“ во Монтреал, Канада во 2005 година.

Драмата „Камењата“ беше инспирирана од вистинска приказна во која две момчиња на возраст од 13 и 15 години беа осудени за убиство откако шутирале камења од мост над автопат и убиле возач. Од самиот почеток во драмата кај консументот (читачот и гледачот) се јавува дилема, како што забележува рецензентот Донски, „Дилемата околу тоа дали и колку се виновни самите малолетници за ненамерното убиство што го сториле, а колку е виновна околината во која растеле и се воспитувале (не само семејната, туку и пошироката општествено-социјална) како фактор за оформувањето на нивниот карактер и нагон постојано да прават лоши дела заради сопствена забава“.

Во мај 2020 година во издание на Македонското литературно друштво од Сиднеј, а во соработка со Австралиско-македонскиот театар исто така од Сиднеј, излезе од печат мондрамата „Т’га за југ“  од најпознатиот македонски драмски писател во дијаспората Душан Ристевски.

Монодрамата е објавена двојазично на македонски и на англиски и истата е илустрирана со фотографии во боја од истоимената претстава која во 2019 година предизвика голем интерес среде Македонците во Австралија. Во монодрамата Душан Ристевски ги опишува последните мигови од животот на големиот македонски преродбеник и фолклорист Димитар Миладинов во затворот во Истанбул.

Како борци против грчката пропаганда и обиди за денационализација на Македонците,  Димитар и неговиот помлад брат Конснантин, биле наклеветени пред отоманската власт од страна на грчкиот владика дека божем се „шпиони на Русија“ кои тајно работат против Отоманската империја. Заради тоа обајцата биле заточени во Истанбул каде починале по неразјаснети околности во јануари 1862 година.

Искусниот драматург Душан Ристевски успеал да продре во психата на Димитар Миладинов претставувајќи го ем како борец за заштита на народот од погрчувањето што го спроведувала грчката православна Црква и пропаганда, ем како обичен човек – постар брат, загрижен за судбината на помалиот брат. Како пандан на Димитар во монодрамата е поставен и ликот на затворскиот чувар Рашид, кој и самиот е по потекло од Македонија, но уште како мало дете    бил потурчен, па не се сеќава на речиси ништо од своето поднебје, освен на една мелодија која постојано ја свири со својот кавал додека чува стража.

Исто така, во мај 2020 година, а  во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат книгата „Судбина во круг“ од Славица Ристеска.Славица е виден општественик и борец за македонскиот јазик и култура во Дијаспората која активно делува во македонската заедница од далечната 1988 година. Како наставник по македонски јазик има работено во македонските саботни училишта како и во центрите за јазици во гимназиите во Бенкстеон и Когра (предградија на Сиднеј) каде подготвува ученици во 11-та и 12-та година за матурските испити по македонски јазик.

Повеќе години има работено за млади и нивните семејства како здравствен работник. Како општественик на доброволна основа активно била вклучена како радио уредник и водител на програмата „Пеј Македонијо“ и во активностите на македонскиот Просветно-Училишен Одбор за Нов Јужен Велс каде повеќе години завзема функција на заменик претседател.

Како член на Литературното друштво „Григор Прличев“ нејзината поезија била објавувана во неколку антологии: „Reunion“ (2003) во издание на Светскиот конгрес на поетите, „Коти на копнеж и страст“ (2003) и „Ѕуница“ (2018), обете во издание на Литературното Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа исто е член на Друштвото на новинарите на Македонија од 2002 година.

44

Членови на друштвото „Григор Прличев“

Потоа, на 5 фввруари 2021 година, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во својата библиотека одржа беседа по повод 128 годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. За делото на поетот зборуваше поетесата Лилјана Тошеска а извадоци од поемата „Сердарот“ рецитираше поетесата Марија Александрова.

На средбата исто така се одржа пригодна комеморација за проф. д-р Стојан Ристески кој почина во Охрид на 30 јануари 2021 година.

Тој беше задоен од креативниот дух на Григор Прличев, како просветен и научен работник, писател, хроничар на Охрид и голем родољуб. За животот и делото зборуваше писателот Душан Ристевски кој направи корелација на просветната дејност на Прличев со Ристески кои не само во Охрид туку и во другите градови, а и држави, го предаваа и прошируваа македонскиот јазик.

На Годишниот состанок на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј што се одржа на 3 декември членовите на Театарот за почесен член го прогласија Стефо Нанцу. Toj е познат драмски писател, режисер и глумец кој за последните 40 години има напишано, режирано и глумено во над 160 театарски претстави за театарски компании низ Австралија, Европа, Северна Америка, Азија, Јужна Африка и Нов Зеланд. Во 1989 година го основа театарот „Зил“ преку кој создаде над 50 оргинални продукции кои ги има изведувано не само во Австралија туку и во над 30 држави низ целиот свет. Некои престави повеќе пати се изведувани и наградувани на интернационални фестивали.

Исто така Стефо беше директор во Сиднејската театарска компанија за која пишуваше и режираше над десет оргинални продукции вклучувајќи ја „Левијатан“ со актерска екипа од над триста актери. Во 2009 година се вклучи како актер и режисер во Македонскиот театар каде режираше и глумеше во повеќето претстави. Неговата интернационално познатата драма „Камењата“ во 2020 година се издаде на македонски јазик од АМТС. Повеќе пати Стефо бил наградуван за глума и режија, а се здоби и со наградата Александар Македонски за животно дело од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top