На прво место

Зошто се крие пратеникот и претседател на СДС Филипче кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание

Филипче ја замени собраниската дебата со прес-конференции, блокади и ширење страв

Венко Филипче не е само претседател на опозициска политичка партија. Тој е и пратеник, избран од граѓаните и платен со парите на македонските даночни обврзници. Токму затоа, од него се очекува да биде присутен во Собранието, да учествува во суштинските дебати, да предлага решенија и да придонесува за подобар живот на граѓаните.

Но, наместо аргументирана собраниска борба, јавноста гледа политичар кој молчи таму каде што треба да зборува, а зборува таму каде што не мора да одговара на прашања и контрааргументи.

Филипче не зел збор во ниту една позначајна собраниска дебата, а речиси и да не учествувал на седниците посветени на пратенички прашања. Го немаше да дискутира ниту вчера, ниту во текот на викендот, ниту минатата недела. Оттука, сосема оправдано се поставува прашањето: каде е пратеникот Венко Филипче кога во Парламентот се расправа за прашања од интерес на граѓаните?

Кога дебатите ќе завршат, кога седниците ќе поминат и кога веќе нема можност некој директно да му одговори, Филипче се појавува пред камерите со прес-конференции исполнети со општи обвинувања, црни сценарија и политички пораки без конкретни решенија.

Наместо да понуди предлози, тој ја плаши јавноста дека ништо не се работи, дека државата нема пари, дека ќе нема средства за плати и пензии. Таквото неодговорно ширење страв не е грижа за граѓаните, туку обид преку несигурност и паника да се приберат евтини политички поени.

Претседател на политичка партија, дури и кога е во опозиција, има обврска да придонесува за стабилноста на државата. Опозицијата треба да биде коректив на власта, да укажува на грешките, но истовремено да предлага подобри решенија. Нејзината задача не е да го блокира секој процес, да ја поткопува довербата во институциите и секојдневно да им сугерира на граѓаните дека државата се наоѓа пред колапс.

Уште позагрижувачки е што главна политичка тема на Филипче остануваат Бугарите и исполнувањето на барањата што доаѓаат од Софија, наместо платите, пензиите, здравството, образованието, економијата и вистинските потреби на македонските граѓани.

Од друга страна, Филипче се однесува како продолжена рака на Зоран Заев и чувар на неговото партиско наследство. Наместо СДС да се ослободи од политиките поради кои ја загуби довербата на народот, партијата продолжува по истиот пат – национални отстапки, политички блокади и создавање вештачки кризи.

Таков е и односот кон Изборниот законик. Наместо СДС да учествува во работните групи, да предлага подобрувања и да помогне во донесувањето реформско законско решение, пратениците добиваат насоки да ги напуштаат разговорите и да го блокираат процесот.

Со тоа директно се попречува и олеснувањето на гласањето на македонската дијаспора. Луѓето кои со години испраќаат пари во Македонија, инвестираат, ги помагаат своите семејства и ја чуваат врската со татковината, повторно стануваат жртви на теснопартиски пресметки.

Од односот на СДС кон Изборниот законик и кон другите реформски процеси може да се извлече само еден заклучок: партијата на Венко Филипче, заедно со својот неформален партнер Левица, не настапува како конструктивна опозиција, туку како политички блокатор.

Не може истовремено да се зборува за европска иднина, а да се напуштаат работните групи за реформски закони. Не може да се повикува на европски вредности, а да се попречува демократското право на глас на македонските иселеници. Не може да се тврди дека се работи за доброто на граѓаните, а секојдневно да се шират паника, страв и недоверба.

На Македонија ѝ е потребна одговорна опозиција, а не опозиција која се радува на секој проблем и се надева дека секоја тешкотија ќе ѝ донесе неколку политички поени.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top