На прво место

Полна уста Европа, полни раце блокади

Со блокадата на Изборниот законик, СДС, ДУИ и Левица ја блокираат европската иднина на граѓаните на Македонија

Блокадата на Изборниот законик не е обична политичка расправија во Собранието. Тоа е директна блокада на реформската и европската агенда на Македонија, а со тоа и на подобрата иднина на граѓаните.

Реформската агенда значи повисоки демократски стандарди, подобри институции, пофер изборен процес и поголема правна сигурност. Но СДС, ДУИ и Левица европските реформи ги претворија во средство за политичка уцена, иако секојдневно се претставуваат како најголеми поддржувачи на Европската Унија.

Како СДС очекува поддршка на следните избори, кога граѓаните гледаат дека ја блокира европската агенда, а со тоа и иднината на оние од кои утре ќе бара глас?

Не може устата да ви биде полна со Европа, а рацете постојано да ви бидат кренати за блокади, опструкции и одложувања.

Сè поочигледно е дека СДС, ДУИ и Левица имаат една цел – да блокираат што е можно повеќе и да создадат впечаток дека Македонија не спроведува реформи и дека институциите не функционираат.

Со тоа не ѝ штетат само на Владата. Ѝ штетат на Македонија.

Уште полошо, со блокадите ѝ даваат алиби на Бугарија да тврди дека Македонија не ги исполнува европските обврски. Наместо единствен државен став, опозициските партии создаваат нови аргументи за оние што сакаат да го забават македонскиот европски пат.

Ваква опозиција тешко може да се најде дури и на Балканот: бара напредок на зборови, а го блокира на дело; се претставува како проевропска, а постапува против реформите; бара доверба од граѓаните, а работи против интересите на државата.

Блокадата доаѓа токму кога на Македонија ѝ се отвора можност за напредок. Владата и парламентарното мнозинство покажаа конструктивност и порачаа дека ќе го прифатат она што опозициските партии меѓусебно ќе го договорат.

Но, и покрај работните средби и рокот до 15 јули, од опозицијата нема договор, конкретен предлог ниту одговорност. СДС, ДУИ и Левица не успеаја да организираат ниту заедничка средба за еден важен реформски закон.

Ако не можат да седнат на иста маса и да се договорат за Изборниот законик, како очекуваат граѓаните да поверуваат дека можат да раководат со државата и да спроведуваат реформи?

Да работиш против напредокот на сопствената држава, а потоа да бараш поддршка на избори, не е само политички неодговорно – тоа е навреда за интелигенцијата на македонските граѓани.

Европа не се гради со празни говори, туку со закони, реформи и одговорност.

А СДС, ДУИ и Левица повторно избраа блокада.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top