На прво место

Според СДС, сите се луѓе на Мицкоски – останува уште самите себе да се обвинат

Македонска Нација

Граѓаните очекуваат уште СДС да обвини дека ВМРО-ДПМНЕ работи за Христијан, а дека Мицкоски ја контролира ВМРО-ДПМНЕ

Од ЗНАМ и поранешни функционери на СДС, преку новинари и обвинители, до Левица – речиси секој што не се согласува со раководството на СДС станува „човек на Мицкоски“, „сателит на ВМРО-ДПМНЕ“ или дел од проект за слабеење на опозицијата.

Последна на листата се најде Левица.

Од СДС порачаа дека таа не е вистинска опозиција, туку „продолжена рака“, „сателитска партија“ и „контролирана опозиција“ на Христијан Мицкоски. Венко Филипче на 14 јули 2026 година изјави дека Левица ги усогласувала опозициските ставови „по налог“ и „по наредба“ на Мицкоски.

Но Левица е само последната во долгата низа.

  1. ЗНАМ, Максим Димитриевски и Горан Минчев

Филипче тврдеше дека ЗНАМ била создадена како контролирана опозиција за да му одзема гласови на СДС. Партијата беше нарекувана „инструмент во рацете на Мицкоски“, а Максим Димитриевски беше обвинет дека неговото движење било формирано по налог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ги посочи Димитриевски и Горан Минчев како луѓе кои својата политичка улога ја наплаќале преку функции и тендери.

  1. Бранко Црвенковски

Од сомнежите на актуелното раководство на СДС не беше поштеден ниту поранешниот претседател на партијата, премиер и претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Откако во октомври 2025 година беше објавена фотографија на која Црвенковски седи во охридски ресторан со градоначалникот Кирил Пецаков и пратеникот Саше Донев од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче му испрати јавна порака: „Или си СДСМ или не си“.

Иако Црвенковски не беше директно наречен „човек на Мицкоски“, пораката беше јасна – дури и поранешниот лидер на СДС станува политички сомнителен доколку биде фотографиран во друштво на функционери од ВМРО-ДПМНЕ или

  1. Петре Шилегов

На 17 март 2026 година Филипче изјави дека поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС, Петре Шилегов, „одработува за ВМРО“ и учествува во обид за внатрешна поделба на партијата.

Шилегов претходно беше исклучен од СДС со образложение дека бил уценет и дека работел во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

  1. Јован Деспотовски

Поранешниот директор на ТИРЗ и кандидат за претседател на СДС, Јован Деспотовски, исто така беше обвинет дека учествува во дестабилизацијата на партијата.

Заедно со Шилегов беше прогласен за промотор на таканаречениот проект „ЗНАМ 2.0“, чиј вистински газда, според СДС, бил Мицкоски.

  1. Игор Ивановски

Учеството на поранешниот висок функционер на СДС, Игор Ивановски, во „Платформата за иднината“ беше оценето како дел од проект за слабеење и делење на опозицијата.

Од СДС тврдеа дека Ивановски и другите „реформатори“ одработуваат за Мицкоски.

  1. Андреј Петров

Откако јавно го критикуваше раководството на Филипче, и поранешниот генерален секретар Андреј Петров беше обвинет дека е дел од група која работи за Мицкоски и се обидува однадвор да наметнува промени во СДС.

  1. „Платформата за иднината“

Целата група поранешни и сегашни членови на СДС кои побараа реформи беше прогласена за „ЗНАМ 2.0“, „лажна опозиција“ и „сателит на Мицкоски“.

Според СДС, целта на платформата била да ја урне партијата однатре, да ја подели опозицијата и да му го олесни владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

  1. „Српска демократска лига“ и Богдановиќ

СДС тврдеше дека и најавеното формирање на „Српска демократска лига“, поврзано со поранешниот член на ЗНАМ, Богдановиќ, било во режија на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште пред да започне со политичко дејствување, партијата беше прогласена за нов сателит создаден за уситнување на опозициските гласови.

  1. Бранко Героски

Новинарот Бранко Героски беше обвинет дека преку своите текстови води пропаганда во служба на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС тврдеше дека со неговите колумни се напаѓаат Филипче и партиското раководство, а се поддржува политичката и медиумската стратегија на власта.

  1. Драган Павловиќ Латас, Ивона Талевска и други новинари

Од СДС го обвинија и Драган Павловиќ Латас дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ и води кампања против партијата.

Латас, Ивона Талевска и други медиумски личности беа означувани како блиски соработници и пропагандисти на Мицкоски. Латас беше посочен и како „координатор од сенка“ на платформата составена од поранешни членови на СДС.

  1. „Орбановите медиуми“

Обвинувањата не останаа само на поединечни новинари.

Филипче тврдеше дека повеќе медиуми, контролирани преку бизнисмени блиски до Виктор Орбан, биле ставени во служба на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и користени за кампањи против СДС.

  1. Обвинителот Савески и делови од правосудството

СДС го обвини јавниот обвинител Савески дека работи по нарачка на Мицкоски и исполнува задачи поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Истовремено, партијата тврдеше дека во судството и обвинителството се поставуваат „луѓе на Мицкоски“.

  1. Миодраг Давидовиќ – Дака

Во оваа категорија беше ставен и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака.

СДС тврдеше дека било договорено тој да работи за ВМРО-ДПМНЕ и дека бил вклучен во енергетски проекти како дел од бизнис-мрежата на Мицкоски.

Кој не е човек на Мицкоски?

Според логиката на СДС, за Мицкоски работат ЗНАМ, Левица, поранешни функционери на СДС, нови политички движења, новинари, медиуми, обвинители, судии и бизнисмени.

Секој што ќе го критикува Филипче станува одработувач на ВМРО-ДПМНЕ. Секој што нема да ја прифати политиката на СДС станува сателит, а секој што ќе понуди поинакво опозициско дејствување – контролирана опозиција.

Останува уште во некое идно соопштение Филипче и СДС да се обвинат самите себе дека се луѓе на Мицкоски и дека партијата работи по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

Со секојдневното создавање нови непријатели, можеби токму СДС му ја врши најголемата политичка услуга на Мицкоски.

Најново од: На прво место

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

Македонски историски календар: 3 септември

На 3 септември 1900 година во Струга е роден Ристо Крле – македонски драмски писател и еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Потекнувал од сиромашно семејство на чевларски мајстор, а неговото образование било често прекинувано поради тешките животни околности. Бил член на аматерската театарска група „Црн Дрим“, каде што се […]

To top