На прво место

Монтираниот случај на поранешното СЈО против ВМРО-ДПМНЕ падна, правдата е задоволена

Реакција на прес-конференцијата на СДС

Политичкиот прогон што поранешната власт на Венко Заев и СЈО, предводено од Катица Јанева, го водеа против ВМРО-ДПМНЕ, конечно го доби својот епилог.

Случајот што го водеше Ленче Ристоска, и покрај тоа што имаше седум години да го заврши, остана заробен во политички конструкции и правни лавиринти.

Со падот на случајот, правдата конечно е задоволена, а се потврди дека станувало збор за политички монтиран процес чија цел не била утврдување на вистината, туку прогон на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и создавање политички притисок во периодот кога се спроведуваа процесите за промена на името на државата.

СДС може секојдневно да одржува прес-конференции и да зборува за наводна контрола врз судството, но граѓаните добро паметат кој во минатото беше алфа и омега во правосудниот систем.

Јавноста не заборава кој вршеше политички притисоци, кој посочуваше кои лица треба да бидат предмет на судски постапки и кој ги користеше институциите за пресметка со политичките противници.

Тој период ќе остане запаметен како време во кое правосудството беше ставено во функција на политичките интереси на тогашната власт, а случаите против ВМРО-ДПМНЕ беа користени како средство за притисок, дискредитација и прогон.

Денешните обиди на СДС да се претстави како заштитник на независното судство не можат да ја избришат одговорноста за политичките процеси што беа водени во минатото.

Граѓаните паметат, а колективната меморија не може да се избрише со прес-конференции, обвинувања и политички спинови.

Најново од: На прво место

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

Македонски историски календар: 3 септември

На 3 септември 1900 година во Струга е роден Ристо Крле – македонски драмски писател и еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Потекнувал од сиромашно семејство на чевларски мајстор, а неговото образование било често прекинувано поради тешките животни околности. Бил член на аматерската театарска група „Црн Дрим“, каде што се […]

To top