На прво место

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Македонска Нација

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот.

Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, кои веќе неколку дена се соочуваат со ограничувања во користењето на водата за пиење, откако надлежните институции издадоа забрана поради сомнеж за загадување на водоводниот систем. Истовремено, здравствените власти регистрираа голем број лица со стомачни тегоби, а истрагата за причините за загадувањето е во тек.

Донацијата беше насочена кон установи и објекти кои секојдневно згрижуваат најранливи категории граѓани, како и кон верски институции што имаат важна улога во локалната заедница.

Флаширана вода беше доставена до:

  • „Блу Пазл“ – Служба за функционална процена на деца и млади (деца со аутизам);
  • Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби;
  • Дневниот центар за лица со посебни потреби;
  • Црквата на плоштадот во Гостивар;
  • Пред Саат Џамија;
  • Црквата „Св. Петка“
  • Пред ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“

Од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница истакнуваат дека во моменти на криза најважни се човечката солидарност, меѓусебната помош и грижата за оние на кои поддршката им е најпотребна.

Хуманоста нема националност, вера или етничка припадност. Кога здравјето и животот на луѓето се доведени во прашање, наша обврска е да помогнеме таму каде што помошта е најпотребна.

Се надеваме дека оваа донација малце ќе им олесни на граѓаните и на институциите додека трае надминувањето на состојбата, порачуваат од организаторите на акцијата.

Во услови кога целата гостиварска заедница се соочува со последиците од загадувањето на водата, ваквите гестови на солидарност испраќаат силна порака дека заедништвото и меѓусебната поддршка се најважни токму во најтешките моменти.

 

Најново од: На прво место

До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со помош на екипи од скопскиот водовод и експерти се работи на целосно прочистување на системот, со цел водата повторно да биде безбедна за граѓаните на Гостивар. Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да […]

Тошковски: Почна хиперхлорирање на водата во Гостивар, целосна нормализација се очекува до крајот на следната неде

Продолжуваат анализите и санацијата на водоводната мрежа, а граѓаните и натаму ќе се снабдуваат со пакувана и техничка вода додека не биде потврдена нејзината целосна исправност. По неколкудневната криза со загадувањето на водата во Гостивар, започна хиперхлорирање и испирање на водоснабдителниот систем, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Централниот кризен штаб. […]

Претседателката на Индија во Македонија: Нов импулс за политичката и економската соработка

Во Скопје откриен споменик на Махатма Ганди – траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа Претседателката на Индија, Друпади Мурму, престојуваше во историска државна посета на Македонија, прва на еден индиски претседател од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Посетата беше насочена кон отворање ново поглавје во билатералните односи, со посебно внимание […]

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Најнови вести

To top