На прво место

Во КИЦ во Загреб отворена изложбата „Дијалог преку бојата“

Осум еминентни македонски и хрватски уметници преку заеднички ликовен проект ги продлабочуваат културните врски меѓу двете земји.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа свечено беше отворена изложбата „Дијалог преку бојата“, која обединува осум современи уметници од Македонија и Хрватска во заеднички уметнички проект.

Изложбата ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска која нагласи дека, „проектот „Дијалог преку бојата“ ја истакнува важноста на заедничкото претставување како креативен чин со кој што ќе се продлабочи соработката меѓу македонските и хрватските уметници и ќе поттикне нови проекти преку кои ќе се претстават културните вредности на двете земји. Средбата на четири македонски и четири хрватски врвни и меѓународно признати ликовни уметници создава платформа за размена на идеи, каде боите стануваат јазик кој ги надминува зборовите“.

Македонските автори – Сергеј Андреевски, Решат Ахмети,Тања Балаќ и Башким Меџити– носат ликовно богатство, од апстрактни форми до портрети на секојдневниот живот, одразувајќи длабоки традиции и модерни промени. Од друга страна, хрватските уметници Томислав Бунтак, Федор Фишер, Данко Фришќиќ и Матко Векиќ се истакнуваат преку разновидни стилови: од пејзажи и фигуративни композиции до експериментални техники, инспирирани од медитеранското светло и урбаните прикази. Изложбата нуди богат и разновиден ликовен израз преку кој што се потврдува уметноста како универзален јазик што ги поврзува културите и отвора простор за дијалог и меѓусебно разбирање.

Во присуство на бројни гости, претставници на локалната и државната власт, дипломатскиот кор, претставници на културни институции и љубители на уметноста, настанот помина во духот на заедништво и размена на идеи. Присутните гости ги поздрави и Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски со што дополнително се нагласи значењето на културната соработка и меѓудржавниот дијалог преку уметноста.

Македонскиот КИЦ во Загреб и со овој настан уште еднаш ја потврди својата улога како простор за средби, дијалог и културна размена меѓу македонската и хрватската култура, како и поширокиот европски културен простор.

Групната изложба „Дијалог преку боја“ е дел од сопствената годишна програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од македонското Министерството за култура и туризам.

Најново од: На прво место

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top