Култура и туризам

Македонскиот „Стрип-креатор“ во трка за престижна награда на фестивалот „Супертун“ во Шибеник

Јубилејниот 40-ти број на единственото македонско списание посветено на деветтата уметност е номиниран во главната конкуренција за најдобар стрип-магазин на меѓународниот фестивал во Хрватска

Македонската деветта уметност има свој претставник на престижниот Меѓународен фестивал за анимација и стрип „Супертун“ (Supertoon), кој од 20 до 24 јули се одржува на повеќе локации во Шибеник, Хрватска.

Списанието „Стрип-креатор“, со својот јубилеен 40-ти број, е номинирано во главната конкуренција за најдобар стрип-магазин. Македонските бои на овој значаен летен културен настан ќе ги брани авторот Александар Стеванов, кој е дел од уредничкиот тим на списанието.

Овогодишното, 16. издание на фестивалот, кој во уметничките кругови е познат и како „фестивал во апостолки“, во текот на петте фестивалски дена го претвора Шибеник во голема отворена сцена.

Програмата опфаќа повеќе од 200 кратки анимирани филмови од целиот свет, уметнички работилници за младите, јавни дебати и натпревар за најдобри стрип-изданија.

Јавна промоција пред меѓународното жири

Како што информира Томе Трајков, стрип-промотор од Велес, во рамките на фестивалската програма Александар Стеванов ќе го претстави списанието „Стрип-креатор“ пред публиката и меѓународното жири.

Заедно со останатите номинирани автори и издавачи, Стеванов ќе го презентира овој значаен македонски проект, а во текот на фестивалот ќе се одржат и јавни дебати посветени на развојот на стрипот и анимираниот филм.

„Стрип-креатор“ и во изминатите години редовно се вбројуваше меѓу најдобрите стрип-изданија на фестивалот во Шибеник, што претставува уште една потврда за неговиот континуиран квалитет и меѓународен углед.

Долгогодишната работа на Стрип-центарот на Македонија придонесе списанието да стане препознатливо и надвор од границите на Македонија. Јубилејниот 40-ти број се најде во тесната селекција за престижната фестивалска награда.

Во категоријата за најдобар стрип-магазин, македонското издание ќе се натпреварува со:

  • „Irrationalist 6–9“ – Хрватска;
  • „It Takes Courage to Ask for Help“ – Србија;
  • „OHOHOzin #08“ – Хрватска;
  • „RasComic #9“ – Србија;
  • „Strip Pressing #26“ – Србија;
  • „Strip-PREFIKS #8“ – Хрватска.

Културен мост меѓу Македонија и Хрватска

Македонското присуство на фестивалот „Супертун“ има континуитет. Минатата година, како дел од меѓународната програма поддржана од Министерството за култура и туризам, фестивалот во Шибеник го посети Томе Трајков.

Со оваа соработка дополнително се зацврстуваат македонско-хрватските културни врски во областа на стрипот и анимираната уметност.

„Стрип-креатор“ е единственото списание во Македонија кое континуирано ја негува деветтата уметност уште од 2003 година. Како духовен наследник на некогашното култно списание „Стрип-арт“, ова издание претставува значајна платформа за афирмирање на домашните стрип-автори.

На неговите страници младите и сè уште неафирмирани македонски автори ги објавуваат своите дебитантски дела и го започнуваат својот пат кон пошироката публика.

Истовремено, списанието претставува жив мост меѓу различните култури, објавувајќи наградувани и избрани дела од Меѓународниот салон на стрипот во Велес и придонесувајќи Македонија да заземе свое место на светската стрип-мапа.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top