На прво место

Ништо ново во СДС: континуитетот на политиките и прашањата за иднината на државата

Во СДС ништо не се менува, Филипче по стапките на Заев е спремен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една […]

Во СДС ништо не се менува, Филипче по стапките на Заев е спремен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена

Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДС и да добие власт.

Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење е спремен да ги продолжи истите одлуки и чекори кои ја доведоа Македонија во подредена состојба, во однос на Бугарија и блокада на Европскиот пат.

Од што е толку исплашен Венко Филипче, што по секоја цена се обидува да ја зачува позицијата во СДС па дури е спремен и на национални и идентитетски отстапки кои задираат во идентитетот и се на штета на државата?

Филипче од пред гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт изјави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници, каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.

Филипче се прави дека ништо не видел, и не слушнал и ги игнорира проблемите. Филипче заборава дека токму погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Филипче нема црвени линии и нема концепт и стратегија. Филипче само ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план, стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДС и Венко Филипче не го нудат тоа.

Најново од: На прво место

Филипче е современиот Коте од Руља

Го клевети и кодоши македонскиот премиер пред Румен Радев На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да […]

СДС со европски пораки, а без поддршка за клучните реформи

Сѐ почести се реакциите во јавноста за, како што се оценува, двојните стандарди на СДС и нивниот лидер Филипче кога станува збор за европските интеграции и националните прашања. Додека од партијата јавно се повикуваат на европски вредности и потреба од забрзување на евроинтегративниот процес, во политичката јавност се отвора прашањето зошто дел од законите поврзани […]

СДС шири паника за инфлацијата, економските мерки даваат резултати

СДС манипулира со инфлацијата, економските политики на Владата даваат резултати СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека токму СДС ја довела државата до економски колапс, рекордна инфлација и сериозно […]

Ристески: Нема предвремени избори, фокусот на ВМРО-ДПМНЕ останува на реформите и проектите до 2028 година

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24 изјави дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори и дека владејачката партија останува фокусирана на реформите, евроинтеграциите и реализацијата на инфраструктурните проекти. Според Ристески, приоритет на Владата е исполнување на реформската агенда и обврските кон европските партнери, а редовните парламентарни избори ќе се […]

Објавен „историски прирачник против големогрчката пропаганда“ наменета за Македонците во егјскиот дел на Македонија

Александар ДОНСКИ Неодамна во издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип во електронски (PDF) формат e oбјавена брошурата под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ и поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  […]

Апокрифите за животот на мајката Дева Марија (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Според Евангелието од Лука, Господ го испратил својот ангел Гаврил во Галилеја, во градот Назарет, при девојката Марија, свршена за Јосифа, од родот Давидов, и ѝ рекол: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” Оваа вест […]

Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Филипче се врати во Скопје и во улога на партиски портпарол глуми грижа за државата и граѓаните

Венко Филипче, по враќањето од продолжен викенд во Рим преку Франкфурт, повторно настапи во јавноста во улога на партиски портпарол, изразувајќи загриженост за состојбите во државата и животниот стандард на граѓаните. Филипче беше дел од владата предводена од Зоран Заев, период кој опозицијата го оценува како време на економски пад, институционални слабости и влошен животен […]

To top