На прво место

Македонија е лидер во регионот – патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9 отсто

Македонија станува сè попривлечна туристичка и транспортна дестинација, а аеродромите во Скопје и Охрид го забележаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, истакна Стојаноски.

Според податоците на ACI Europe, патничкиот сообраќај во Македонија пораснал за 27,9 отсто, со што земјата се најде на првото место меѓу државите што не се членки на ЕУ+.

Меѓународниот аеродром „Скопје“ е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6 отсто.

Историски резултат оствари и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во јули преку него патувале за 41,21 отсто повеќе патници во споредба со истиот месец минатата година, што го прави најуспешниот јули во неговата историја.

„Овие бројки потврдуваат дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија“.

 

Најново од: На прво место

Дрвошанов: Владата обезбеди стабилно функционирање на енергетскиот систем

Со конкретни мерки, нови инфраструктурни проекти и модернизација на пазарот на електрична енергија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува енергетската сигурност на Македонија, истакна пратеникот Жан Дрвошанов. За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни […]

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов. Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско На 4 август 1903 […]

Муцунски: Од ЕУ слушаме пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на македонскиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но нагласува дека тоа нема да биде решение по секоја цена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за МИА, изјави дека се работи на решение за одблокирање на […]

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ. 1903 – Ослободено е Крушево Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во […]

To top