На прво место

Потпишани договорите за железницата Крива Паланка – Деве Баир: Коридорот 8 е врвен приоритет

Со потпишувањето на договорот за инвестициски грант од Европската Унија и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, почнува третата фаза од финансирањето на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, која е дел од Коридорот 8.

На потпишувањето во Владата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау, директорот на ЕБОР за Македонија Фатих Туркменоглу, директорот на ЕИБ во Македонија Бјорн Габриел и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија се обезбедени 149 милиони евра неповратни средства за изградба на третата делница од железничкиот Коридор 8.

Работите на терен се очекува да почнат во текот на годинава. Изборот на изведувач е предвиден за есен, по што треба веднаш да започне изградбата. Во тек е и тендерот за избор на надзор, кој се спроведува во две фази, додека тендерот за градба ќе се спроведе во една фаза.

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека денешното потпишување претставува продолжување на визијата Македонија да ја искористи својата единствена положба како крстосница на Коридорите 8 и 10 и да го потврди своето место како срце на Балканот.

„Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден бидејќи, по речиси две години работа, доаѓаме до реален и остварлив проект“, нагласи Николоски.

Тој посочи дека е постигнат договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот железнички тунел што треба да ги поврзе двете држави. На крајот од август се очекува во Скопје да се одржи вториот меѓувладин состанок, по што двете земји треба да испратат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за обезбедување грант за изградбата на тунелот.

„Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблемите од минатото и работите да се постават на вистинските шини“, рече Николоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека со потпишаните документи се создаваат услови за непречено продолжување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија.

Станува збор за амандмани на договорите за финансирање и на договорот за грант за изградба на новата железничка делница од Крива Паланка до границата со Бугарија. Со нив се обезбедува финансиска конструкција за целосна реализација на проектот.

Според Димитриеска-Кочоска, новата железница ќе овозможи подобро поврзување на Јадранското и Црното Море, поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките и нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион.

Таа нагласи дека за реализацијата на стратешките проекти, покрај политичката определба, неопходна е стабилна и одржлива финансиска рамка.

„Во изминатите две години интензивно работиме на забрзување на проектите што ги наследивме во застој, како и на започнување нови инвестиции што придонесуваат за подобри услови за живот, унапредување на економијата и напредок на евроинтегративниот процес“, рече министерката.

Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се обезбедени дополнителни 5,8 милијарди денари за капитални расходи, што е зголемување од 14,3 проценти во однос на првично планираните средства.

Димитриеска-Кочоска истакна дека инвестициите во инфраструктурата придонесуваат за поголема конкурентност на македонската економија, подобра регионална поврзаност, нови можности за деловниот сектор и повисок животен стандард.

„Одговорното управување со јавните финансии, обезбедувањето средства за капитални инвестиции и силното партнерство со меѓународните финансиски институции создаваат основа за одржлив економски раст и побрза интеграција на Македонија во европските транспортни и економски текови“, нагласи министерката.

Најново од: На прво место

Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој. По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран […]

Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода. И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна […]

Македонски историски календар: 6 август

На 6 август во македонската историја се запишани настани поврзани со борбата за национално ослободување, идејата за самостојна Македонија и создавањето на институциите на современата македонска држава. 1875 – Роден е Григорие Хаџи Ташковиќ На 6 август 1875 година во Воден е роден Григорие Хаџи Ташковиќ – македонски револуционер, публицист, книжевник и еден од предводниците […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Манасиевски: Сè што говори талогот од СДС е спротивно на вистината

Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не им помогна на гостиварчани, а сега безобразно лаже додека Владата обезбедува бесплатна вода за жителите на Гостивар, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Колку злоба и неискреност има во СДС, кога дрско се обидува да прикаже дека постојат некакви бизнис-интереси со водата што Владата бесплатно им ја дели […]

МНР: Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрли како невистинити тврдењата на СДС за постоење таен договор или тајни преговори, нагласувајќи дека Владата останува доследна на утврдените државни позиции и нема да прифати отстапки од македонските национални интереси, идентитетот, јазикот и историјата. „Денешната прес-конференција на СДС е уште еден обид за создавање хистерија и […]

Гостиварци ќе се изначекаа за вода доколку се постапуваше како што предлага СДС

Во момент кога водата од чешмите е небезбедна, неопходна е брза реакција. Истовремено, сите детали за набавката треба да бидат јавно објавени за да нема простор за политички манипулации. СДС има право да бара отчетност, но останува прашањето дали во ваква вонредна ситуација навистина очекувала граѓаните да чекаат да заврши тендерската постапка додека се соочуваат […]

Македонски историски календар: 5 август

На 5 август низ македонската историја се забележани значајни настани од револуционерната борба, државноста, книжевноста и културата. 1898 – Уапсени Кирил Прличев и Христо Узунов Во Охрид биле уапсени македонските револуционери Кирил Прличев и Христо Узунов поради нивната дејност во Македонската револуционерна организација. Прличев, син на големиот преродбеник Григор Прличев, подоцна станал истакнат деец и […]

To top