На прво место Култура и туризам

Се одржаа „Брајчинските средби“ посветени на Св. Петка

Славе Катин

Славе Катин

На 7 и 8 август, а по повод празникот Света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа триесет и вторите „Брајчински средби“. По тој повод, на 7 август, во манастирот „Св. Петка“, гостите добиваа манастирско гравче, а на 08 август ја  прославија  селската слава Св Петка, на која гостите ги забавуваше групата „Фонтара“ и Анастасија Митровска.

Инаку, Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едениот манастир. „Свети Никола“ е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите „Света Богородица“, “Свети Илија“, „Свети Архангел„ (обновена 1916 година), и „Свети Атанас“ (обновена 1984 година).

Секако, манастирот „Света Петка“ е едно од поважните духовни светилишта не само за Брајчино, туку тој е и еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај. Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век. Во чест и слава на  света Петка, селска слава за брајчинци се слави на 8 август.

Според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа. Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси. Меѓутоа, за еден подолг периот манастирот и конаците биле руинирани, а и човечката рака оставила лоши траги по фреските и по ѕидовите,

Инаку, првата „Брајчинска иселеничка средба“ се одржа на празникот на света преподобна маченица Параскева – света Петка во 1995 година. Ова средба ги стави темелите на наредните иселенички другарувања да бидат поорганизирани, повесели и помасовни. Така, брајчинци средбите ги прославуваат со силен жар, ентузијазам, љубов и со желба тие да бидат вечни.

Треба да се одбележи дека со децении наназад празникот св. Петка летна се празнувал во Брајчино. Тој бил и останал да биде најзначајна селка слава. Традиционално св. Петка започнува на 7 август со посна вечера (заслуг), а завршува на 8 август со ручек кога гости пред се‘ се роднини од околните села на Долна Преспа и бројни иселеници во светот. На овој светол ден за брајчинци се подготвуваат пет казани посен грав за околу илјада посетители, што е поклон од народот за народот.

Дел од прославите во манастирот „Света Петка“

На 8 август, пак, на празникот св. Петка прославата продолжува свечено по домовите, кога секое брајчинско семејство има гости за ручек. Потоа, на сред село и во дворот на училиштето во попладневните часови започнува веселбата со богата културно-уметничка програма и со учество на бројни различни оркестри и бројни естрадни уметници

Инаку, селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од околу 1000 метри.

Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе пре- овладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделе-ние (изградено во 1921 година), а денес останаа само споменикот на НОБ, затворената продавница на сретсело и угостителските објекти, хотел-ресторани.

Инаку, Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

Заживувањето на селото Брајчино се должи благодарение на прекрасната местоположба и неповторливата природна убавина, климатските услови на воздушна бања, бистрата и ладна изворска вода и другите природни реткости. Тоа е особено изразено од влијанието на Пелистер со Баба Планина и на Преспанското Езеро

Најново од: На прво место Култура и туризам

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top