Фељтон

Дел од патувањата на Лефтер и Мара на Балканот (25)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Една недела пред 26 јули 1963 год. со воз отидовме во Опатија. Кога излеговме од автобусот, зашто од Риека до Опатија патувавме со автобус, цела Опатија сјаеше од светилки. Секаде по улиците се движеа западни коли – од мерцедес до бе-ем-ве – а во Унгарија имаше само вартбург, трабант и лада.

Се чувствувавме како да сме во Америка. Пред да влеземе во туристичката агенција да најдеме стан, една жена ни понуди кај неа и решивме да ја следиме. Таа имаше стан недалеку од плажата, погоре кон планината. Собата беше добра за нас и плаќавме околу 20 долари на ден. Цел ден бевме на плажата, но надвор од Опатија, кон Ловран. Таму немаше песок, туку само камења околу морето и чиста вода, како бисер.

Еден ден слушнав унгарски глас. Кога отидов до луѓето, меѓу професорите го видов професорот по патолошка физиологија, Силади, со сопругата и професорот по хемија на Универзитетот „Кошут“ и академик Режо Боднар со сопругата. Нивната ќерка и´ беше пријателка на Мара. Во 1973 година, професорот Боднар беше член на Унгарскиот парламент и на Меѓународната интерпарламентарна унија, иако не беше член на Партијата. Тие ни рекоа дека тука во Ловран се, на одмор, сместени во еден мотел, и ќе останат една седмица. Видов дека тие пијат кока кола и ми кажаа дека и ние можеме да си купиме, зошто во Унгарија не се продаваше. Со неколку динари ја купивме првата кока-кола и му се радувавме на чудото. Ние само имавме скромен појадок и вечера.

По една недела, на 26 јули, веќе бевме во воз, кога во вагонот сретнавме една група туристи од Прага, на кои југословенската преведувачка им кажа дека утрото во Скопје имало силен земјотрес и дека целиот град е уништен, со многу жртви. Бевме многу разочарани од вестите, но и среќни што тоа не се случи пред една недела, кога ние бевме таму.

Кога се вративме дома, следниот ден кај нас се јави еден новинар од дневниот весник во Дебрецен, кој дознал дека ние сме биле во Скопје кога се случила трагедијата. Откога му кажавме што се случило, тој си замина, а следниот ден се видов со Крсто Шопов и му реков да одиме во Скопје, да помагаме. Тој се сложи и му ѕвоневме на Кочо Ристовски во Сегедин, да ни се придружи.

Следниот ден се сретнавме во југословенската амбасада, каде што веднаш ни дадоа визи и ние тргнавме со воз кон Скопје. Во Белград ни рекоа дека нема воз за Скопје и нема потреба од помош од студенти со завршена четврта година медицински факултет, зашто во Скопје веќе имало доста лекари. Уште ни рекоа да се вратиме дома.

Во Будимпешта решивме парите што ги имавме со нас за патот

до Скопје да и´ ги дадеме на Амбасадата, таа да ги прати како наша

скромна помош во Скопје. Од сите што подаривме пари како помош за трагедијата на Скопје, најголема сума даде Благој Шклифов, кој во тоа време планираше да се пресели во Скопје, но подоцна отиде да живее во Софија.

По нашето патување во Белград, ние требаше да одиме еден месец на обука по хирургија. Јас решив да одам во туристичкиот град Егер, кој беше познат од битките со Турците и со многу вкусното вино Егри Бикавер – што значи егерска крв од бик. Целата околина беше полна со лозја и со винарии. Таму има огромна катедрала на која и´ се чудев, зашто беше како онаа на Свети Петар во Рим.

Во септември 1963 година ја запишав петтата година и тогаш кај нас дојде баба Калиопа од Полска. Нејзиниот син Ѓорѓи живееше во Скопје и работел во ресторанот „Метропол“ во центарот на Скопје, а другиот нејзин син Михали, заедно со семејството и со неа, баба Калиопа, живеел во Вроцлав, Полска. Тие беа отидени таму преку Албанија. Баба Калиопа, или како што ние скратено ја викавме Љопа, сестра на татко ми Методи, беше многу активна во ДАГ, а еднаш бурандарите од Горници, специјално дојдоа во Загоричани, кое тогаш беше слободна територија, за да ја фатат баба Љопа, но таа се скрила во една плевна и така се спаси од големите мачења што ја чекаа.

Дел од земјотресот во Скопје  

Баба Љопа беше да го посети Ѓорѓи во Скопје и тогаш се договориле целото семејство да се пресели од Полска во Скопје. Тоа, потоа, се случило доста брзо. На пат кон Полска, баба Љопа, дојде нас да нè посети на два дни. Мара спиеше кај соседите, а јас во нашата соба со баба Љопа. За двата внуци на баба Љопа купивме по два пара пантолони, а тие биле многу радосни во Полска, зашто таму немало такви.

Дневниот весник во Дебрецен објави оглас за најдобра фотографија. Јас го зедов синот на соседите Габор, кој тогаш беше околу 5 години, го ставив да седи на подот во ходникот, а на нивната и нашата врата ја ставив Мара со високи топуци како поминува пред Габор, кој ја имаше свртено главата кон неа и тогаш направив фотографија со наслов „Ран интерес“. Само Габор и нозете на Мара подолу од колената беа на фотографијата. Фотографијата се појави во весникот и добив прва награда. Ева, сестрата на мојата сопруга, тогаш работеше како секретарка на Универзитетот „Кошут“, а татко и´ беше главен обвинител на Дебрецен

Таткото на Мара сонуваше дека Англичаните еден ден ќе дојдат и ќе ја ослободат Унгарија. Дури и од мене се плашеше, зашто не еднаш го најдов во нашата соба како слуша радио „Слободна Европа“, на унгарски јазик, зашто тие дома немаа радио. Мислам дека во тоа време само тој беше главен обвинител, кој не е член на Партијата, а работи во голем град.

Во пролетта на 1964 година, двапати бев преведувач на делегација од Шумен, Бугарија, кој беше збратимен со градот Дебрецен. Тие два– три дни имав многу добро време, со унгарските раководители одев во познатиот хотел „Аран бик“ (златен бик) на појадок со Бугарите, а јадевме и пиевме што сакавме. Исто така, одев со нив во познатите винарии на Токај и во пустината Хортобаг, која беше 35 km оддалечена од Дебрецен. Таму имаше еден унгарски ресторан во кој се веселевме до доцните часови во ноќта.

Во летото на 1964 година, решивме со Левенте и Магда да одиме на одмор на Јадран. Со воз отидовме до Белград и за еден ден бевме сместени во студентски дом. Се прошетавме по Теразие во Белград и следниот ден со воз тргнавме кон Дубровник. По два дни застанавме во Сараево и се запознавме со градот и со историјата што ја предизвикала Првата светска војна. Преку Мостар, каде што ја видов бисерната вода на реката Неретва, дојдовме во Дубровник.

Поради тоа и југословенскиот филм „Битката на Неретва“ го гледав два–три пати. Дури и Мара доаѓаше со мене. Сега кога одам во Скопје, многу сакам повторно да ја видам „Битката на Неретва,“ но никој во тоа не може да ми помогне. Во Дубровник бевме сместени на Лапад, предградие на градот во еден стан со три спални, од кои две ни дадоа нам и таму останавме седум дена. Понекогаш готвеа девојките, а понекогаш јадевме сува храна.

Отидовме да го видиме убавиот стар дел на Дубровник. На главната улица видовме луѓе во ред без никаков сообраќај. Една Унгарка плачеше

зашто и´ ги украле парите од чантата и останала без ништо. Тогаш, се

појави црна долга лимузина, а внатре седеше Маршалот Тито. Сите почнаа силно да аплаудираат, а најсилно Мара. И се чудев, зошто таа не беше ниту член на Партијата ниту пак, настроена кон левицата. Тогаш дознав што значи психологија на толпата, за која учев таа година.

На плажата на Лапад, еден ден, почнаа да се караат група Срби и газдите на куќата каде што беше и плажата. Србите почнаа да викаат дека тие се бореле како партизани за да можеме да одиме на наша плажа. На крајот на одморот, Левенте и Магда се вратија дома со авион преку Загреб, а ние со воз преку Белград. Левенте тогаш работеше како општ лекар во Дебрецен, а Магда како секретарка.

Кога се вратив на Факултетот дознав дека сум добил прва награда на конкурсот распишан од секцијата за марксизам-ленинизам на Универзитетот со наслов „Борбата на Курдите за слобода“. Курдите ми беа многу блиски поради тоа што имаат иста или полоша судбина од нас Македонците.

Продолжува

Најново од: Фељтон

Дел од животната сторија на Лефтер и Мара (24)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче По третата година од студии мораше да одиме еден месец на обука во болници по интерна медицина. Јас решив да одам во туристичкото село на северниот брег на Балатон, кое се вика Балатонфуред. Селото Фуред има значење како Охрид и Охридското Езеро за Македонија. Таму, […]

МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ НА ЛЕФТЕР И МАРА МАНЧЕ (23)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче Во летото 1960 година, кога повторно бев преведувач на една бугарска група на Балатон, таму на одмор престојуваше и Мара со своите родители и со Ева. Ја поканив да дојде со мене со брод до Бадацон, каде што требаше да ручаме со групата составена од […]

ЛЕФТЕР МАНЧЕ ДИПЛОМИРА НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ДЕБРЕЦЕН (22)

ЛЕФТЕР МАНЧЕ ДИПЛОМИРА  НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ДЕБРЕЦЕН (22) ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Градот Дебрецен е вториот по големина град во Унгарија и е оддалечен 220 km од Будимпешта, а распослан е во големото унгарско поле што опфаќа повеќе од половина од државата. Во градот нема ниту планина ниту […]

Дел од студиите на Лефтер Манче на Факултетот за физичко воспитание (21)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Новата 1958 година ја дочекавме во станот на Илдико со другите пријатели на Мара. Тогаш мислев, ако не успеам да станам лекар, пак е добро, зашто имам убава девојка и почнав да чувствувам самодоверба, зашто знаев дека ако завршам за професор по физичка култура пред […]

ЛЕФТЕР МАНЧЕ – СТУДЕНТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ (20)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Тој ден беше 27 јули 1957 година и јас решив идниот ден пак да ги побарам Унгарките и да се запознам со нив. Но, како да постапам, како да го направам тоа? И реков на онаа што седеше дека ја познавам од Гимназијата што беше […]

Дел од студиите на Лефтер Манче – на Факултетот за физичко воспитание (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ На факултетот немаше предавања сè до 4 ноември 1956 год., кога се разбудивме во 4 часот рано утрото и преку радио го слушавме Имре Наѓ како се обраќа до народот и кажува дека Црвената армија ја нападнала Будимпешта, а унгарската армија и народот се борат […]

ЛЕФТЕР МАНЧЕ – СТУДЕНТ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ НА СВЕТОТ- (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Факултетот за физичко воспитание беше сместен во Будим, во близинајужната железничка станица и до улицата „Јанош Киш“ каде што живеев во 1951/52 година во Домот како ученик во гимназијата „Шандор Петефи“. Главната зграда била изградена во 1925 год., а подоцна се изградени уште една сала […]

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ЛЕФТЕР КАКО СТУДЕНТ ВО БУДИМПЕШТА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Во тоа време, во Полска се формира македонската организација „Илинден“ и јас бев многу радосен, почнав да ја цртам од други мапи картата на Македонија, но во нејзините етничко-географски граници, пред поделбата во Букурешт, во 1913 год. Почнав да одам редовно и во Бугарскиот културен […]

To top