На прво место

Оправдани се барањата на струмичките земјоделци откупната цена на ајварката да биде над 50 денари

Македонска Нација

Македонска Нација

Ова прашање не смее да се претвори само во уште една партиска прес-конференција. Ако СДС навистина сака да им помогне на струмичките производители, тогаш треба јавно да ги повика и големите преработувачи и откупувачи од регионот да кажат по која цена откупуваат и како ја формираат таа цена.

Меѓу познатите компании во овој сектор е „Тргопродукт“, препознатлив преку брендот „Мамас“. Во јавноста компанијата се поврзува со членови на семејството Заеви, а Радио Слободна Европа наведува дека како сопственици на „Мамас“ се појавуваат Бобан Заев и братучед на поранешниот премиер Зоран Заев.

Оттука, тврдењето дека самиот Зоран Заев е непосреден сопственик треба прецизно да се докаже, но политичките и семејните врски се доволна причина јавноста да побара целосна транспарентност.

Потребни се јасни одговори: Колкави количества ајварка откупуваат големите компании?

По која почетна и крајна цена?

Дали меѓу откупувачите постои координација што ја турка цената надолу?

Колкава е разликата меѓу сумата што ја добива производителот и цената на финалниот производ?

Овие прашања се особено важни затоа што во јавноста веќе беа објавени фотографии и партиски обвинувања за престојот на Зоран Заев и Венко Филипче на јахта во Егејското Море.

Двајцата ѝ должат на јавноста одговор за околностите и трошоците на таквото патување, особено кога нивната партија настапува како заштитник на граѓаните погодени од економската криза.

Наместо СДС да испраќа соопштенија до Владата и да се струди да собира политички поени врз маката на земјоделците, нека побара од сите големи откупувачи, вклучително и од компаниите поврзани со семејството Заеви, јавно да се изјаснат дали се подготвени да платат над 50 денари за килограм. Тоа би било конкретна помош. Сè друго е политички театар.

Струмичко не смее да се претвори во регион од кој младите ќе заминуваат затоа што некој го обезвреднува нивниот труд.

Вистинскиот патриотизам не се мери со партиски соопштенија и фотографии од луксузни летувања, туку со чесен однос кон луѓето што ја обработуваат македонската земја.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top