Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување.

Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој дел од брегот, а поголемите персиски сили биле потиснати од освоените области.

Така била постигната и првата цел на походот, претставена во програмата на Коринтската лига: античките грчки градови во Мала Азија биле ослободени од персиската власт. Многу од нив потоа влегле во нов период на развој. Пошироките области што ги освоил Александар биле ставени под управа на намесници.

Брзото напредување на младиот владетел неговите современици го поврзувале со наклонетоста на боговите. Знаменијата и пророштвата ги толкувале пророците во неговиот логор, меѓу кои најпознат бил Аристандер од Телмес, а понекогаш и самиот Александар. Покрај секојдневните жртвени обреди, тој им оддавал почит на божествата и во посебни пригоди.

Кога влегол во Ефес, Александар учествувал во свечена поворка во чест на божицата Артемида. Наредил данокот што Ефешаните претходно му го плаќале на персискиот владетел отсега да се дава на нејзиниот храм.

Со неговиот поход се поврзувале и приказни за необични случки. Според една од нив, додека се движел по тесниот брег на Памфилија, јужниот ветар ненадејно се сменил со северен и му овозможил да го продолжи патот. Аријан бележи дека Александар и неговите придружници во тоа виделе божја помош.

Подоцна, дворскиот историчар Калистен ја претставил случката уште повеличествено: пишувал дека морето се повлекло пред Александар и му оддало почит како на свој господар. Таквите раскажувања придонеле за создавањето на претставата за Александар како миленик на боговите, а подоцна и за неговото поврзување со Амон.

Александар Македонски и Гордиевиот јазол

Една од најпознатите легенди за Александар е поврзана со Гордион. Тамошното пророштво велело дека оној што ќе го одврзе јазолот на колата посветена на Зевс ќе стане господар на Азија.

Кога слушнал за пророштвото, Александар ја разгледал колата и се обидел да ги најде краевите на јажето. Според најпознатата верзија на легендата, откако не успеал, го извлекол мечот и го пресекол јазолот. Грмежите и молњите што следувале таа ноќ биле протолкувани како божествено одобрување на неговата постапка.

Во меѓувреме, на запад се појавила опасност за освоените територии. По падот на Халикарнас, персискиот војсководец Мемнон се обидел со помош на флотата да ја пренесе војната кон Македонија и Грција. Го освоил Хиос, а потоа тргнал кон Лезбос, каде што ги придобил градовите, со исклучок на Митилена. Неа ја блокирал и од копно и од море.

Веста за неговите успеси предизвикала загриженост кај Александар. Тој им наредил на Амфотер и Хегелох да соберат нова флота кај Хелеспонт, а ним и на Антипатар им обезбедил средства за воените подготовки. Но Мемнон ненадејно се разболел и умрел за време на опсадата на Митилена. Неговата смрт го прекинала планот што можел сериозно да го загрози македонскиот поход.

По смртта на Мемнон, персискиот владетел Дариј решил да ја повика наемната војска под команда на Фарнабаз и да се подготви за непосредна борба со Александар на копно. Персијците продолжиле со дејствијата на запад и ги зазеле Митилена и Тенед, но Александар им ја препуштил борбата за островите на своите заповедници и на Антипатар.

Во пролетта 333 година пред нашата ера, Александар го напуштил Гордион и преку областа на денешна Анкара се упатил кон Кападокија. Неговата цел била што побрзо да стигне до премините на планинскиот венец Тавр и да го продолжи походот кон југ.

Во делот од Кападокија што го ставил под своја власт, за намесник назначил човек од месното население, Сабикта. Немал време да ја освои целата област: северниот дел, поврзан со Понт и со владетелот Аријарат, не му бил потчинет. И Ерменија останала надвор од неговата власт.

Александар напредувал толку брзо што го изненадил персискиот намесник Арсам. Стражата на тешко проодните премини на Тавр се повлекла кога тој ноќе пристигнал со лесно вооружени единици. Потоа Александар се упатил кон Тарс, главниот град на Киликија. Арсам го напуштил градот, а Александар влегол во него со својата коњица.

Токму во Тарс неговиот поход за малку ќе завршел трагично. Во еден топол летен ден влегол во студените води на реката Киднус, која тече низ градот. Набргу потоа тешко се разболел, со треска и грчеви, и извесно време се борел за живот.

Неговиот лекар Филип го лекувал, а младоста и силната телесна градба веројатно му помогнале да закрепне. Болеста, сепак, оставила последици и го одложила продолжувањето на походот.

Од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод на Славе Катин.

Најново од: Историја

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

To top