На прво место

Попов: На талогот од СДС му пречи што Македонија се гради и напредува – заврши времето на националните отстапки

Сергеј Попов

На политичките структури на СДС им пречи што Македонија повторно се гради, напредува и достоинствено ја одбележува својата независност.

„Зошто талог?

Затоа што не се радуваат на независноста на државата.

Не се радуваат што, по долги години, Македонија повторно вложува сериозен напор својата независност да ја одбележи достоинствено и гордо. Не им се допаѓаат полните плоштади, народот кој ја сака државата и растечкото чувство на припадност и патриотизам.

Им пречи што Македонија се гради и напредува.

А имаа прилика – повеќепати. Триесет години имаа можност да градат држава. Наместо тоа, правеа национални отстапки, без никакви суштински проекти, без нови автопати и железници, без нови стадиони и без значајни инвестиции. Доаѓаа на власт, не испорачуваа, предаваа и си заминуваа.

И што е најважно, кога народот ќе ги казни на избори, тие не ги бараат причините во сопствените грешки. Поразот го доживуваат како нарушување на некаков ‘природен поредок’, наместо како јасна порака од граѓаните. Се сметаат себеси за од Бога предодредени да владеат.

Денес, од опозиција, наместо критики и предлози, гледаме дефетизам, лаги, песимизам, поделби и создавање паника.

Сакаат народот да поверува дека ништо не може да се промени, дека сите се исти и дека Македонија не може да успее. Само во апатијата и безнадежноста можат повторно да најдат простор за себе во политичкиот дискурс.

Но, талогот не е народот. Талогот е политичката структура која со години живееше од народот, го разочаруваше и предаваше одново и одново, а денес се обидува да му ја згасне и надежта.

Криво им е.

Беа измеќари на непријателите на Македонија и, на чело со ДУИ, правеа прослави за сè, освен за независноста и деновите што му се важни на народот.

Такви прослави веројатно и не смееја да организираат – поради политичка коректност, нели, прогресивно. Затоа народот и ги смета за одродени.

И затоа им пречи кога се слави македонштината.

Им пречи кога народот се радува.

Им пречи кога државата се гради.

А најмногу им пречи што и граѓаните веќе го препознаваат талогот.

Доволно беше“.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top