Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип.
Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“.
За добрата атмосфера и незаборавното дружење, со музика од Егејскиот дел на Македонија, ќе се погрижи „Премиум бенд“, во состав: Иван Димков, Панче Лазаров, Иван Анастасов и Стефан Стефанов. Гостин на бендот ќе биде Иван Бисеров.
Цената за ручекот изнесува 900 денари.
„Ве очекуваме во голем број, да се дружиме, да ја негуваме нашата македонска традиција, песна и култура и заедно да создадеме уште една незаборавна Семакедонска средба! Добредојдени се сите Македонци, пријатели и добронамерници! Да живее македонската песна, традиција и единство!“ – се вели во јавната покана на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.