На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната.

Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на напорите за постигнување мир.
На состанокот, организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц, беше истакната важноста од засилување на напорите за завршување на војната и од координиран пристап на европските партнери и САД.
Македонија ја потврди својата поддршка за постигнување праведен и траен мир во Украина преку дијалог, дипломатија и координација со сојузниците.



