Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици.
„Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите“, објави Николоски на својата фејсбук-страница.
Тој нагласи дека на терен постои силна координација меѓу сите вклучени страни.
„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски.

