Култура и туризам

Апостол Павле – гласникот кој го рашири христијанството

Славе Катин

Славе Катин

Христијанството е религија на оние кои веруваат во Исус Христос и го следат неговиот живот и учење, кои се среќаваат во Новиот завет на Библијата. За христијаните, Исус Христос е Син Божји и спасител на човештвото. Затоа христијанството станува масовна светска религија со околу 2,1 милијарда верници во светот. Инаку, зачетоците на христијанството датираат уште од I век во Палестина, која тогаш се наоѓала под власт на Римската Империја. Во почетокот, христијанството се проширило меѓу Евреите, за подоцна да се развие и меѓу другите етнички припадници.

Првобитните апостоли и мисионери на христијанството биле Евреи, а неговите корени произлегуваат од старозаветниот јудаизам. Како државна религија, христијанството прво било прифатено во Голема Арменија во 301 година, а во Македонија се појавило во IX век. Според статистичките податоци, денес христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија, со околу 65 % од населението.

Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати.

Своето прво патување надвор од Азија, светиот апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година, а завршило во 54 година, при што во текот на тие години апостол Павле посетил и некои субсахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.

Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли“, најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде што се вели:

…на Павле му се јави ноќно видение:
некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи:

„Дојди во Македонија – помогни ни!“

И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, и следниот ден стасавме во Неапол…

Најголемите историски извори за мисионерството на апостол Павле претставуваат писмените споменици на третиот период од историјата на Апостолскиот век, односно пишувањето на Двете посланија на свети апостол Павле до Солунците и Посланието до Филипјаните. Двете посланија до Солунците се најрано напишаните посланија на апостол Павле. Тие го сочинуваат еден од најстарите делови на Новиот завет.

И двете посланија апостол Павле ги испратил од Коринт до Солунската црква за време на неговото второ патување. Солунската црква била една од повеќето цркви во Македонија што биле создадени при второто големо патување на апостолот.

Посланијата до македонските цркви претставуваат, пред сè, посланија на комуникација (општење). Оваа карактеристика особено се однесува на Посланието до Филипјаните. Посланието до црквата во Филипи се одликува со исклучително личен карактер и богатство на конкретни историски содржини. Тоа било напишано кога апостолот се наоѓал во затвор.

Градот Филипи станал првиот град во Европа каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“. Изразот „прв“, како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите придружници започнале да го проповедаат христијанството. Слушателите на апостолот Павле, пред

По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот на домот на Марија, мајката на Исус Христос во Ерусалим. Единаесет години по заминувањето на апостол Павле од Филипи, од првата црква во Европа, апостол Павле на христијаните им напишал послание и го упатил „до сите светии во Исуса Христа, што се во Филипи, со бројни епископи и ѓаконите“.

Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Тоа се случило во пролетта во 50-тата година, по патот Виа Игнација, каде што, според Евангелието, по шест дена пешачење пристигнал во Солун.

Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додека, пак, поголем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле, главно, Македонци и Елини. Апостол Павле, Сила и Тимотеј започнале да го проповедаат Евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница и во повеќе приватни домови. И покрај првичните успеси, апостол Павле и неговите помошници морале ноќе да побегнат и да го напуштат градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припишувајќи им политички намери „против заповедите на цесарот, изјавувајќи оти има друг цар – Исус“.

Во 51 година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и заминале во Берија, која се наоѓала во третата македонска управна област, каде што за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров. Оставајќи ги Сила и Тимотеј во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море, заминал за Атина. Римјаните раните христијани ги нарекувале атеисти, безбожници, поради нивното одбивање да ги прифатат римските богови.

Првиот поголем прогон на христијаните започнал во времето на римскиот император Нерон. Во 64 година во Рим избил голем пожар. Императорот за подметнувањето на пожарот ги обвинил христијаните, наредувајќи им да го напуштат градот. За време на овој прогон, тие биле распнувани на крст, фрлани во реката Тибар или предавани на дивите животни во амфитеатрите. Меѓу тие први маченици се наоѓале и апостолите Петар и Павле, кои биле погубени во 67 година. Најпознат маченик од тој период е свети Димитриј Солунски.

Инаку, апостол Павле, познат и како свети Павле или Павле од Тарсус, е еден од најважните светци во проповедањето и распространувањето на христијанството. Познат е како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на свети Павле се текстовите од Новиот завет. Во нив се вели дека апостол Павле е роден во Тарс, во Киликија (денешна Турција), во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

Дејноста на апостол Павле била распространета од Ерусалим до Рим. Тој пораснал во Ерусалим и се занимавал со изработка на шатори. Рабинот Гамалиел го учел на фарисејството, го интересирал Талмудот, а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓаат прогонувањето на христијаните и убиството на свети Стефан.

Христијанските текстови одделуваат големо значење на преминувањето на апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека, кога одел на пат кон Дамаск, тој видел необична светлина од која ослепел и го слушнал гласот на Господ од небото.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот, неговите истомисленици се сомневале во него, не му верувале. На своето прво мисионерско патување бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внел во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт, Шпанија и некои тогашни земји.

Обично, за свети Павле се споменуваат четири мисионерски патувања, со кои тој првин во саботите влегувал во синагога со цел на присутните да им го сподели Евангелието, но кога Евреите почнале да не го прифаќаат и да не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на тогашните пагани (безверници).

Во 67 година, свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Поради тој чин се смета дека свети Павле бил римски државник, бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолот продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извори, односно на местото на денешниот манастир „Три фонтани“ кај вечниот град Рим.

Во неговите посланија, кои се составен дел на Новиот завет, свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со апостол Петар и другите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затворање и прогонување.

Во Римокатоличката црква се слави на 29 јуни, заедно со свети Петар. И во православието се слави на ист датум, 29 јуни според Јулијанскиот календар, или 13 јули според Грегоријанскиот календар.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top