На прво место

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во предметот „Талир 2“

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје.

Одлуката е донесена на нејавна седница одржана на 26 август 2026 година, по разгледувањето на списите од кривичниот предмет и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Според соопштението на Судот, дејствијата на поранешниот премиер Никола Груевски, во својство на одговорно лице, биле во рамките на неговите овластувања. Обвинителството не приложило докази дека тој постапувал спротивно на Законот за финансирање на политичките партии.

Во образложението се наведува дека овластениот тужител не докажал, надвор од разумно сомневање, дека градежната компанија „Бетон“ во моментот на склучувањето на договорите со политичката партија вршела јавни услуги во смисла на законот. Поради тоа, Судот оценил дека не постоела забрана за донирање средства, ниту обврска тие да бидат вратени.

Ослободителната пресуда во повтореното судење ја донесе судијката Даниела Алексовска-Стојановска на 14 јули, непосредно пред застарувањето на предметот на крајот од август.

Претходно, на 31 март, пред изнесувањето на завршните зборови, предметот за изградбата на партиското седиште, познато како „Белата палата“, ѝ беше одземен на обвинителката Ленче Ристоска и му беше доделен на друг обвинител. Ристоска потоа поднесе оставка од јавнообвинителската функција, која Советот на јавните обвинители ја потврди на 8 април.

Во првичната судска постапка, во 2022 година, Груевски беше осуден на шест години затвор, додека поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, доби условна казна. Со пресудата беше определена и конфискација на партискиот имот, но Апелациониот суд ја укина одлуката и го врати предметот на повторно судење.

Со обвинението за „Талир 2“, Груевски и Божиновски беа товарени за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинителството, тие ѝ овозможиле на компанијата „Бетон“ Скопје да го изгради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во период кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи, установи и претпријатија.

Со потврдувањето на ослободителната пресуда од страна на Апелациониот суд, жалбата на Обвинителството е одбиена како неоснована.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top