На прво место

Лефков: Националниот дата-центар е обврска од Реформската агенда, а Филипче сега се противи и на европските проекти

На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата-центар во кој безбедно ќе се чуваат податоците на државните институции. Проектот е дел од Реформската агенда со Европската Унија, која обезбедува финансиска поддршка за неговата реализација, истакна пратеникот Миле Лефков.

СДС и Венко Филипче секојдневно го критикуваат развојот на индустријата поврзана со дата-центрите. Станува збор за индустрија на иднината, која забрзано се развива во целиот свет, но Филипче, од само нему познати причини, се противи на нејзиниот развој во Македонија.

Во оваа пригода треба да им се објасни и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев, кој очигледно сè уште му дава насоки за работа, што значи изградбата на национален дата-центар.

Македонија веќе има дата-центар во Прилеп, но тој не е примарен, туку секундарен. Тоа значи дека, во случај на евентуален сајбер-напад врз информацискиот систем на одредена институција, резервните податоци се чуваат во секундарниот центар.

Во моментов секоја институција самостојно наоѓа начин за чување и заштита на своите податоци. Токму затоа на Македонија ѝ е потребен основен, примарен национален дата-центар, во кој безбедно ќе се чуваат податоците на сите државни институции.

Изградбата на национален дата-центар е дел од Реформската агенда на Македонија со Европската Унија. За реализација на проектот ЕУ обезбедува финансиска поддршка, додека Македонија има обврска да изгради примарен национален центар за чување и заштита на податоците.

Со неговата изградба ќе се зголеми заштитата на информациските системи на државните институции од евентуални сајбер-напади и ќе се обезбеди поголема сигурност на податоците.

Токму на ваков проект се противи СДС.

Само да потсетиме дека за време на неговото владеење беше извршен сајбер-напад врз системот на Фондот за здравствено осигурување, поради што граѓаните не можеа навремено да ги остваруваат своите права. Беше отежната исплатата на надоместоците за породилно отсуство, како и повратот на средства за лекови и други здравствени услуги.

Оттука, очигледно е дека СДС се противи на развојот на индустрија што ќе овозможи поголема заштита на личните податоци на граѓаните и посигурно чување на податоците на државните институции, истакна Лефков.

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top