На прво место

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите за наредниот период. Тој истакна дека работата на локалната самоуправа е насочена кон подобрување на секојдневниот живот во сите населени места.

„Граѓанинот мора да биде на прво место. Општина Маврово и Ростуше им припаѓа на сите, а успехот ќе дојде само ако работиме заедно, со заемна поддршка и доверба“, порача Јакупоски.

Нов резервоар за водоснабдување и подобра патна инфраструктура

Меѓу завршените капитални проекти, Јакупоски ја издвои изградбата на новиот резервоар за водоснабдување во Ростуше, со капацитет од 160 кубни метри, наменет за подобрување на снабдувањето со вода во населеното место.

Во Скудриње е завршена новата улица во месноста Падина, со асфалтирање и поставување улично осветлување. Според градоначалникот, улицата обезбедува пристап до околу 80 куќи. Во Велебрдо е завршено поплочувањето селска улица со павер-елементи.

Реконструкцијата на спортската сала „Македонија“, во близина на Ростуше, е во завршна фаза. Јакупоски посочи дека објектот бил затекнат во руинирана и нефункционална состојба, а по надминувањето на проблемите со проектната документација, се очекува негово пуштање во употреба во октомври.

Во тек е реконструкцијата и асфалтирањето на локалниот пат до Рибница, со очекувано завршување до крајот на ноември. Проектот за патот до Нистрово е во почетна фаза, а предвидениот рок за реализација е декември 2026 година.

Јакупоски ја нагласи поддршката од Владата на Република Македонија и ресорните министерства во реализацијата на инфраструктурните зафати.

Поддршка за новороденчиња, првачиња, ученици и студенти

Во делот на социјалната и демографската политика, општината обезбедува еднократна парична помош од 10.000 денари за првородено, 18.000 денари за второродено и 25.000 денари за третородено дете.

За секое прваче се обезбедуваат 6.000 денари, училишен ранец и комплет училишен прибор. За студентите од општината е предвидена еднократна помош од 12.000 денари, а ист износ добиваат и средношколците што го продолжуваат образованието во СОУ „Маврово и Ростуше“.

Според презентираниот отчет, општината ги покрива трошоците за практична обука за возачка дозвола од Б-категорија за младите до 24 години, како и трошоците за регистрација на фирма за млади претприемачи.

За социјално ранливите граѓани се обезбедува еднократна финансиска помош за потешки оперативни зафати и итни здравствени потреби. Со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади се подготвуваат и проекти за активно стареење и за помош и нега во домот на стари и изнемоштени лица.

Вложувања во училиштата и спортските терени

Во завршна фаза е постапката за набавка на нагледни средства, паметни табли и училишни помагала за сите четири основни училишта во општината.

Се изработува и проектна документација за целосна реконструкција на подрачното училиште во Маврово, со која треба да бидат опфатени училишната зграда, дворот и повеќенаменското спортско игралиште.

Паралелно се подготвува документација за реконструкција на спортски игралишта во Требиште, Жировница, Скудриње, Ростуше, Врбен и Јанче.

Почиста животна средина и поквалитетни комунални услуги

Во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“, расчистени се диви депонии во Битуше, Ростуше и Жировница, а активностите треба да продолжат во Велебрдо и Требиште.

Во тек е реорганизација на комуналното претпријатие, со цел подобро собирање на сметот и кабастиот отпад и поредовно одржување на јавната чистота. Извршени се дополнителни контроли на квалитетот на водата за пиење, а уличното осветлување се подобрува со поставување енергетски ефикасни светилки.

Јакупоски најави и изработка на урбанистички планови, најпрво за поголемите, а потоа и за помалите населени места. Се подготвува проектна документација за водоснабдителни системи во Леуново, Врбен, Присојница, Лазарополе и Скудриње, како и за патна инфраструктура во повеќе населени места.

Туризмот како двигател на локалниот развој

Градоначалникот ја истакна поддршката за културните манифестации и спортските настани, посочувајќи го туризмот како еден од главните двигатели на локалниот економски развој.

Како значаен настан го издвои Светското првенство во спортски риболов на крап, одржано на Мавровското Езеро од 2 до 7 септември, на кое, според отчетот, учествувале 33 репрезентации.

Јакупоски порача дека развојот на општината мора да оди заедно со зачувувањето на природното богатство и подобрувањето на условите за локалното население.

„Предизвиците се големи и не можат да се решат преку ноќ. Но тие не се изговор, туку мотивација да работиме повеќе и подобро“, истакна тој, најавувајќи продолжување на проектите во соработка со Советот, општинската администрација, институциите и граѓаните.

Најново од: На прво место

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

To top