На прво место

Митева: Независноста не им припаѓа на институциите и на Владата, туку на граѓаните

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, во текот на целиот месец се организираат бројни активности и манифестации, чија цел е прославата да им се доближи на граѓаните и да го зајакне чувството на заедништво и припадност кон државата.

Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител истакна дека организацијата на централната прослава претставува голем и сложен зафат, во кој се вклучени голем број луѓе.

„Од организациски аспект, ова е голем зафат, затоа што станува збор за голема организација и за многу луѓе кои се зад камерите, за сето ова да изгледа достоинствено и, според мене, величествено и да може да се реализира еден ваков голем настан“, изјави Митева.

Таа посочи дека целта на Владата била да се организира манифестација од висок ранг, која ќе создаде трајни вредности и ќе остави значајна трага во културната историја на Македонија.

Митева нагласи дека посебно внимание е посветено на безбедноста и непречениот проток на големиот број граѓани кои се очекува да присуствуваат на централниот настан на 8 Септември. За таа цел бил воспоставен систем со кој однапред би се отстраниле можните недостатоци во текот на денот.

„Безбедноста мора да биде приоритет на Владата, за да не се доведеме во ситуација граѓаните подоцна да прашуваат зошто не било предвидено дека ќе има огромни редици пред влезот на Градскиот стадион. Одлучивме да примениме систем кој не е нов, туку веќе се користи при организирање големи настани, за однапред да ги отстраниме сите недостатоци што би можеле да се појават во текот на денот“, рече Митева.

Таа очекува спектакуларен настан кој ќе претставува кулминација на одбележувањето на Денот на независноста. На централната прослава ѝ претходеа повеќе настани организирани по повод 35 години независна Македонија.

„Целта на Владата уште од самиот почеток не беше сè да заврши со една протоколарна прослава, со положување свежо цвеќе или со централна свечена академија во рамките на институциите. Целта беше да го поттикнеме чувството на припадност, затоа што независноста не им припаѓа на институциите, ниту на Владата сама по себе, туку им припаѓа на граѓаните“, посочи Митева.

Според неа, организирањето настани ширум Македонија овозможува прославата да биде поблиску до народот и секој граѓанин да почувствува дека е дел од заедничкото одбележување.

„Колку повеќе ја доближуваме прославата до граѓаните преку настани ширум Македонија, толку посилно тие ќе почувствуваат дека ова е наша заедничка држава, дека прославуваме заедно и дека прославата навистина им припаѓа на граѓаните“, заклучи Митева.

Најново од: На прво место

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор – една од клучните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас, зајакнување на енергетската безбедност и поврзување на гасните пазари во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Солун го потпиша Меморандумот за соработка, со што Македонија […]

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник. Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил […]

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

To top