На прво место

На референдумот на 8 Септември 1991 година во Берлин – 97 отсто гласале „за“ независна Македонија

Processed by: Helicon Filter; SONY DSC
Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Референдумот за независност се одржа на 8 септември 1991 година, отворајќи го патот кон осамостојување на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Македонците во Берлин, и покрај правните ограничувања во Германија, се организираа и масовно ја поддржаа независноста на својата татковина.

Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

На гласачкото ливче граѓаните можеа да се изјаснат „за“ или „против“.

Иако во Германија официјално не беше дозволено да се организира гласање за референдум на друга држава, ние одржавме состанок со службеници на берлинската полиција. Тогаш ни беше кажано:

„Во Германија официјално не е дозволено, но вие сепак одржете го гласањето за референдумот. Ние неофицијално ќе внимаваме да немате проблеми. Нека ви е со среќа.“

Така и постапивме. Комисијата во Берлин, составена од членови на Црковниот одбор, Македонскиот клуб „Гоце Делчев“ и Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го организираше референдумското изјаснување.

По завршувањето на гласањето беше изготвен записник со резултатите, кој го испративме по телефакс до Комисијата за организирање на референдумот во Македонија.

Резултатот во Берлин беше убедлив: 97 отсто од учесниците гласале „за“, додека три отсто од гласачките ливчиња биле неважечки или гласови „против“.

Кога вечерта по гласањето контактирав со надлежната комисија и го соопштив резултатот, ми беше кажано:

„Испрати го записникот по телефакс, но гласачките ливчиња не ги испраќај. Поштата оди преку Белград и може да бидат фрлени.“

Референдумот беше успешен. Македонскиот народ јасно и недвосмислено ја изрази својата волја да живее во самостојна и суверена држава. Македонската дијаспора, иако далеку од татковината, уште еднаш покажа дека Македонија е длабоко вкоренета во нејзините срца.

Во САД, Канада и Австралија гласањето било спроведено предвреме. Сите Македонци што излегле на гласање се изјасниле позитивно, односно резултатот бил 100 отсто „за“ независна Македонија.

Благодарност до сите Македонци во Берлин, Германија, Австралија, Канада и САД  што учествуваа во овој историски чин.

Нека ни е честита самостојна и суверена Република Македонија!

Транскрипција на документот на македонска кирилица

Овој допис бил испратен на 30 август 1991 година, само два дена пред референдумското изјаснување на Македонците во Берлин и низ цела Германија, со цел да се попречи неговото организирање и да се доведе во прашање успешноста на референдумот. Сепак, Македонците во Берлин не потклекнале пред притисоците и пречките. Тие успешно го организирале референдумот, на кој повеќе од 97 отсто од излезените гласачи се изјасниле „за“ самостојна и суверена Република Македонија.

АМБАСАДА НА СФРЈ – БОН
Број: 2174/РП 0699-91
30.08.1991 година

Телекс – отворено
Итно

ССИП – III управа
– До сите ДКП на СФРЈ во СР Германија, Одделението во Берлин (за информација) –

Предмет: Референдум во Република Македонија

Ве молиме, до Министерството за односи со странство на Република Македонија да го проследите следново:

„По приемот на вашиот телефакс бр. 1301-717/8 од 28.08.1991 година, воспоставивме контакт со надлежните во Министерството за надворешни работи на СР Германија, за да спречиме при спроведувањето на акцијата евентуално да дојдеме во судир со важечките прописи на СР Германија.

На нивно барање доставивме нота во која укажавме на вашата намера да организирате изјаснување по дописен пат. Министерството за надворешни работи одговори дека нема ништо против Амбасадата, како и другите дипломатско-конзуларни претставништва на СФРЈ во СР Германија, да ги замолат југословенските клубови и здруженија, црковните општини и другите форми на организирање на југословенските државјани, заради овозможување гласање по писмен пат на претстојниот референдум, да состават списоци на државјаните на Република Македонија кои имаат право на глас.

Министерството за надворешни работи укажува дека клубовите, здруженијата и другите организации ова треба да го прават на доброволна основа, придржувајќи се притоа до важечките германски прописи поврзани со Законот за заштита на податоците. Обврска на Амбасадата и на конзулатите е изречно да им укажат на ова.

Според тоа, Амбасадата и конзулатите во оваа смисла ќе упатат писма до клубовите, здруженијата и другите организации и ќе укажат дека само граѓаните кои сакаат да учествуваат на референдумот можат да бидат запишани во избирачкиот список. Во списокот ќе бидат внесени податоците што ги побаравте.

Вака составениот список треба веднаш да се достави до Републичката комисија за спроведување на референдумот во Скопје, која потоа на адресите на клубовите, здруженијата и другите организации ќе испрати гласачки ливчиња. Граѓаните поединечно ќе ги доставуваат гласачките ливчиња до Комисијата, во согласност со одлуката за таканареченото дописно гласање („Briefwahl“).

Како што веќе најавивме, ќе се погрижиме јавноста да биде информирана за начините на учество на референдумот преку емисиите на овдешното радио наменети за нашите граѓани.“

Фрлец

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top