Македонски легенди

Коста Шахов

kosta-shakov

kosta-shakovКоста Шахов (Охрид, 14.IV.1862 – Софија. 15.VIII. 1917) – бил македонски деец, револуционер, публицист,  прв претседател на Младата македонска книжевна дружина, еден од зачетниците на македонското новинарство. Рано го напуштил Охрид и заминал за Софија. Дипломирал на правниот факултет. Тука се вклучил во движењето на македонските интелектуалци кои се бореле за афирмација на македонската национална индивидуалност. Коста Шахов станал еден од духовните двигатели на македонското национално чуство во последните децении на XIX век и прв претседател на Младата македонска книжевна дружина (ММКД). Соработник е на „Лоза” и уредник на повеќе весници. Станува близок соработник на Делчев со кого разменувале мисли околу идеалите на македонскиот народ. Шахов најмногу се пројавил како виден македонски деец со својата публицистичка активност. Автор е на неколку книги: „Мугра”, „Стојан војвода”, во кои го брани макдонскиот национален индивидуалитет и автономистичкиот принцип за Македонија. Починал во Софија во 1917 год.

Коста Шахов е роден во Охрид на 6 јули 1862 година. Ралативно млад ќе го напушта родниот град и ќе замине за Софија. Шахов го продолжува своето образование и дипломирал правни науки на Универзитетот во Бугарија. Како правник најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе

Во осумдесетите години на XIX век како во Македонија така и во емиграцијата се формираат разни македонски здруженија кои се борат за културно-просветна и верска автономија, како и да го заштитат македонскиот народ од влијанието на странските пропаганди. Во овој период Шахов се вклучил во движењето на македонските интелектуалци кои се бореле за афирмација на  посебноста на македонскиот народ.

Охриѓанецот Коста Шахов, како интелектуалец кој добро ја знае моќта на печатот, за потребите на бројната македонска емиграција во Бугарија, ќе го издаде весникот „Македонија“. Всушност весникот „Македонија” не бил орган ни на партија ни на некоја струја во македонското револуционерно и ослободително движење, туку е резултат на напорите на една интелектуално осознаена личност. Како одговорен уредник на весникот, кој почнал да излегува прво во Русе, а продолжил во Софија, во првиот број на „Македонија“, од 21 октомври 1888 година, Коста Шахов во својата статија ја изнесува потребата од македонски печат, кој според него преставува топ со кој се служат сите народи освен македонскиот. Меѓудругото тој ќе напише:

„При се што сме два милиони луѓе, пак немаме, еден каков и да е весник, кој ќе не држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас и ќе ни служи за да ги изразиме нашите народни искажувња и мисли. Денеска печатот е посилен од топот и со него се служат скоро сите народи на светот, освен нас… На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба. Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безработно, без борба за слободен живот, зашто нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот.“

Коста Шахов како основач и главен и одговорен уредник, ќе овозможи страниците на весникот „Македонија“,  кој излегува се до 1893 година, да бидат слободни на секој патриот само ако е напишано во духот на времето, а тоа е борбата за духовно и културно издигање на Македонците. Бројните статии, дискусии, мислења, критики, објавени на страниците на „Македонија“, ќе ги најави целите на македонскиот народ, како и разните автономистички концепции на нацоналноослободителната борба. Весникот на Шахов иако излегува со подолги паузи, ќе „стане омилена лектира за Македонците и инспирација на легендите на македонската историја како што се: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Васил Главинов, Петар Поп-Арсов, Крсте Мисирков.“

Во меѓувреме, Коста Шахов бил заслужен и за формирањето на Македонското студенско друштво (МСД). Најголем дел од членовите на друштвото  биле пребеганите македонски студенти од Белград, меѓу кои Дамјан Груев и Петар Поп Арсов. Целта и на ова друштво исто така била насочена против пропагандите и ослободување на Македонија, што било спротивно на интересите на Софија. Под притисок на бугарската влада МСД било распуштено во 1891 година. Шахов не мирува и веќе по неколку месеци се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина (ММКД) чии членови биле во најголем дел пребегнатите студенти од Белград. Станал нејзин прв претседател и учествувал во подготовката на списанието „Лоза“.

Појавувањето на списанието „Лоза“ повторно ќе ги вознемири бугарските власти. Откако излегоа броевите 1 и 2, како и двобројот 3 и 4 на списанието „Лоза“, истото  било забрането, а Младата македонска книжевна дружина била растурена веќе во јуни 1892 година. Основачот Коста Шахов во списанието „Глас Македонски“ од 1894 година, за замолкнувањето на ова значајно македонско јадро ќе напише дека уште на самиот почеток, провладиниот весник „Слобода“ ќе ги нападне како „бесно куче“ оптужувајќи ги дека се сепаратисти. Ако се има во предвид колкава била моќта на весникот „Слобода“, под чии притисок бил интерниран еден член на друштвото, тогаш може да се разбере зошто друштвото на младата македонска интелегенција било забрането.

Шахов кој најмногу се истакнува како виден македонски деец со својата публицистичка активност, станува близок пријател со Гоце Делчев, кој тогаш учел во вoеното училиште во Софија. Со него често разменувале мисли околу идеалите на македонскиот народ. Познавајќи го добро неговите способности, во јули 1893 година, на средбата со Иван Хаџи Николов, кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација, Коста Шахов ќе го препорача Делчев.

Активностите на Коста Шахов, како непосреден учесник во градењето на лозарската идеологија, потоа и делувањето на неговите лозари, како и препораката за Гоце Делчев, ќе имаат огромно влијание во развојот на внатрешната македонска револуционерна организација. Списанието „Лоза“ и покрај сите слабости и пропусти, остапки и повлекувања, ќе заземе посебно место во македонската наука, јазик и култура.

Коста Шахов континуирано се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава и покрај двојството кое го дозволува и е видливо во објавените прилози во списаниата. Таму „јасно се зборува за посебноста на македонскиот народ и неговиот јазик, иако во коментарите се зборува за бугарскиот карактер на Македонија!“ Какви се неговите погледи кон македонското прашање може да се види од извештајот за дискусијата која се води помеѓу дејците на МК во Софија од 1899 година. Во очигледно жолчната дискусија тој ќе каже:  „..немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија… Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме… кон неа да се присоединат други провинции… Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска.“

Коста Шахов од 1894 до 1898 година го издава списанието Глас Македонски, а потоа учествува во работата и на други списаниа.  Автор е на книгите „Мугра” и „Стојан војвода”, во кои тој го брани македонскиот национален индивидуалитет и автономистичкиот принцип за Македонија. По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top