Дијаспора

Вечна му слава на Георги Томов – Џорџ (18 Март 1933 – 5 Август 2008)

georgi-tomov
Тригодишен помен, од загубата на првиот Амбасадор на Македонската култура во САД, патриот, уметник и пред се пријател на сите Македонци и пријатели на Македонија.

georgi-tomov

Георги (Георге) Томов, роден брат на Јанко, кој живееше во Њујорк (САД) повеќе од 40 години, е основач на Голд Данце Фоундатион” на Америка и на Фолклорниот ансамбл и студио Георге Томов. Добитник е на ОРДЕНОТ НА ЧЕС­ТА, за 2005 година, што го доделува Владината орга­низација НЕКО (од Владата на САД). Ова највисоко Општествено признание, за ПРВПАТ е доделено на МАКЕДОНЕЦ за АВЕНТИЧНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАКЕ­ДОНС­КАТА КУЛТУРА. Мегу досегашните добитници на ОРДЕНОТ НА ЧЕСТА, се шест досегашни Претседатели на САД, како и извесен број познати американски државјани, меѓу кои: Џими Картер, Џорџ Буш, Роналд реган, Бил Клинтон, Хилари Клинтон, Мохамед Али, Боб Хоуп, Френк Синатра и други, а меѓу нив и Ѓорги Томов.

Еве ги првите реакции за смртта на Георги, од неговите најблиски пријатели и познаници, во македонските медиуми, во 2008 година и тоа од Јордан ПЛЕВНЕШ:

Веста за смртта на Џорџ Томов одекна насекаде, како голема загуба, не само во Македонија, туку и низ сите меридијани каде што живеат Македонци, од Австралија и Нов Зеланд преку Европа до Канада и САД, бидејки Џорџ Томов беше митско име на современата македонска историја.

Уште од својата рана младост, Џорџ Томов (роден 1933 год. во Струмица) започна со своите професионални ангажмани, прво во „Танец”, а потоа во хрватскиот ансамбл „Ладо”, за потоа, со неговото патешествие, преку Франција до САД, во новиот главен град на светот, Њујорк или Големото јаболко, на Менхетен да ја формира институцијата „Интернационален ансамбл за танц Џорџ Томов” низ која поминаа над 3.000 лица од американскиот континент и нашинци раселени низ светот.

Џорџ Томов, меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Симболиката сакаше, кога владата на САД го формираше „Музејот на емиграцијата” на Елис Ајланд, каде што доаѓаа многубројните емигранти во новиот свет, токму неговото име да биде гравирано во вечноста на светската меморија: Џорџ Томов – Македонија, бидејќи тој го научи целиот свет да игра на македонски.

Кога во декември 2007 како потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО, заедно со американскиот конгресмен Бил Паскрел, имав чест да го промовирам американското издание на Монографијата за неговата животна одисеја, во организација на почесниот конзул на Македонија во Њу Џерси, Славко Маџаров, во тој миг знаев дека на сите светски сцени на коишто Џорџ Томов ги играше македонските ора, од антиката до денес, и во сите илјадници срца каде што тој со својата скулпторска имагинација ја внесе кореографијата на неговиот бескраен талент, ќе го запаметат чинот во кој тестаментално го одигра прошталното оро „Чупурлика” пред овациите на воодушевената њујоршка публика.

Томов го познаваше секој сантиметар на Њујорк и при последната средба на Бродвеј ми рече: „Она што Александар го замислил пред 2300 години со Александрија, за светската заедница на народите се оствари денес во Њујорк”.

Денес се отвора едно поглавје во кое неговото заминување ги обврзува Македонија и македонската заедница во САД да изградат Музеј на интернационалниот танц што ќе го носи неговото име, во кој ќе бидат сместени илјадници реквизити, костими и снимки и во кој ќе се изучуваат македонските танци и ора, на коишто им го посвети својот живот во петте децении исклучително посветени на афирмација на Македонија во светот.

Проштевајќи се од Џорџ Томов, да помислиме на славната песна на Френк Синатра, што лично го запозна, дека оној што успеал во Њујорк успеал насекаде низ светот.

Македонија се проштева од нејзиниот најголем играорец, кој заедно со песната на Јонче Христовски, со гајдите на Пеце Атанасоски и со гласовите на Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски ја создаваат сликата што етномузикологот Јосиф Чешмеџиев ја напиша за Македонија: „Македонија нема сфинги и палати, но нејзините песни и ора се нерушливите градби на нејзината вечност”.

Џорџ Томов, митскиот ороводец на македонската музичка вечност, ќе продолжи да игра на небото на нашата меморија.

Нека биде вечен споменот на Џорџ Томов, кому му беше роднина цела Македонија.

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top