На прво место

Димитровски: Очекувам со новата влада во Софија да најдеме прифатливо решение за сите

Заменик – министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски очекува во наредниот период со новата влада во Софија да се влезе во дијалог и да се најде решение што ќе биде прифатливо за сите.

Димитровски денеска присуствуваше на настан во Собранието каде беше прашан дали Владата ќе прифати влез на Бугарите во Уставот и другите помали заедници и дали има рок за влез во ЕУ.

– За жал, ниту од Европската Унија, ниту од земјите – членки, не постојат ниту напори, ниту предвидени рокови, кога земјите кандидати од Западен Балкан ќе ѝ се приклучат на Европската Унија – рече Димитровски.

Тој рече дека е потребна предвидливост на европскиот пат, а смета дека земјата има се повеќе поддршка. Го спомна меѓу другото, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, за кого било разумно тоа што нашата држава барала некакви гаранции.

– Јас се чудам зошто само на опозицијата не ѝ е разумно да бараме гаранции – рече Димитровски.

Мораме достоинствено да ги почнеме преговорите и достоинствено да станеме членка на Европската Унија – порача Димитровски.

Во однос на влезот на Бугарите во Уставот и други етнички заедници, тој истакна дека нашата држава е шампион во човекови и малцински права и дека во Стразбур нема ниту една пресуда што се однесува на правата на Бугарите во Македонија, но дека државата мора да има гаранции дека нема да има понатамошно вета.

– Она што ја загрижува оваа влада и не само оваа влада, туку и мнозинството граѓани, 80 отсто од Македонците, 70 отсто од Албанците и она што сметаме дека во изминативе две години успеавме како Влада да наидеме на разбирање кај 99 отсто кај сите земји – членки, е дека навистина имаме проблем со тоа што ќе се случува денот по отворањето на Уставот, денот по влезот на Бугарите во Уставот. Дали ќе продолжат бугарските вета? И за тоа немаме гаранции. Немаме гаранција од Софија, напротив, имаме гаранции дека мораме да ги исполниме до последна точка сите преземени обврски, не само со преговарачката рамка, туку и со протоколите. Докрај. Онака како што се запишани, докрај – рече Димитровски.

На денешната пленарна сесија 1 – „Моделот на вклучување на Собранието на Република Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ“, на прашања покрај Димитровски, одговараа собранискиот претседател Африм Гаши, заменик-претседателката на СДСМ – Фани Каранфилова-Пановска, Марија Ристеска – извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦРПМ, како и Гордан Георгиев – поранешен пратеник и претседател на Форумот за разумни политики.

На утрешната пленарна сесија 2 – „Работните тела на Собранието на Република Македонија и процесот на пристапување кон ЕУ“, најавено е на прашања да одговараат Беким Сали – прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Венко Филипче – претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Ели Панова – членка на Комисијата за европски прашања, Бујар Османи – поранешен министер за надворешни работи, како и Цветанка Иванова – поранешна генерална секретарка на Собранието.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 26 август

Македонски историски и црковен календар – 26 август На 26 август се одбележуваат повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè потсетува на уметничкото наследство на Томо Владимирски, раѓањето на скопјанката Мајка Тереза, херојската погибија на Овадија Естреја – Мара, борбата на Македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија и духовното […]

Вечерта на македонското наследство ја обедини заедницата во Форт Вејн

Форт Вејн, Индијана, 22 август 2026 година – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја организираше Вечерта на македонското наследство на стадионот „Парквју филд“ во Форт Вејн. Настанот, за кој беа распродадени сите билети, ја покажа силата и значењето на заедничките собири посветени на македонската култура, традиција и наследство На настанот се собраа припадници на една од […]

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори. СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори Ако состојбата […]

Македонски историски календар – 25 август

25 август 1903 – Ослободена Невеска Во текот на Илинденското востание македонските востаници го нападнале и го ослободиле градот Невеска, тогашен административен центар во Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Ослободувањето на Невеска претставува еден од најзначајните воени успеси на македонските востаници. Акцијата покажала дека востаничките сили биле способни организирано да нападнат и привремено да […]

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот. Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија. Уште […]

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

To top