Песни за Македонија

За Македонија

gane-ante

За Македонија (текст од стихови на Г.Тодоровски и А. Поповски)

gane-ante

Мојата татковина, мојата Македонија, таа е секоја мисла, секој заглед, таа е занемената големина во песните на Гане Тодоровски и Анте Поповски.

Во секој стих таа живее, во секоја мисла е победа на невремето, и ветување дека ќе го помниме нашето вчера, нашето минатото, ветување дека ќе се грижиме за иднината.

Македонијо – многузборлива немотијо!

Знаеш ли дека покрај се, ние живееме, дека покрај се, нашински да си кажеме, колку сме – толку сме, токму сме! Знаеш ли дека ни витосните векови, вековите невекувани, годините неизгодинети, деновите неразденети не не сотреа? Од тие векови силата ја црпиме, од тие години паметник градиме, од деновите – нашето сонце. Попусто не пребројуваат, попусто прекројуваат, малкуцка мислат лесно се сотруваат.

Ој Македонијо, истрајавме, се осмисливме и те помакедончивме. Ако сјуривме во градот, ако се прелажавме по весници, по струја, по телевизори, по убави станови – не заборавивме кои сме, ниту колку ќе чини тутунот годинава.

Ој Македонијо, и без селата Мијачки и без Помаците и Егејците, и без коските Мисирковите и Цепенковите и без Ѓорче Петровите… се помакедончивме. Ние сме тука, во неа вкоренети, а таа е во нас, во срцето на сите вдлабена! Кога ќе ги стиснеме тревките, неа ќе ја исцедиме, кога ќе се потпреме врз каменот името ќе и го чуеме, дното на реките со неа ќе не почести, а ноќта за починка со неа ќе не покрие. Мојата проста земја ги научи и ѕвездите да шептат на македонски иако никој не ја знае. Низ неа бели воѓе течат, брегови се прегрнуваат, мостови од камен од плеќести црни мажи се градат. Нашите дланки – корито се, од нас – планини ќе направиме, од копје па маж – брегови ќе сториме.

Македонијо, твојот пат нагоре, а мојот кон тебе води! Твој сум, во твоите корени скриен – никојпат не ќе се разделиме! И кога јас ќе заминам, кога на дабот името ќе ти го напишам, од грутката твоја внучињата да ми ги храниш. На овој рид ќе те оставам, за да те гледам ГОЛЕМА, моја Македонијо!

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top