Заедница на Македонците во Република Хрватска и Македонско културно друштво „Македонија“ во Сплит ги организираат „21.Денови на македонска култура-Св.Кирил и Методиј“.
Во рамки на манифестацијата, беше отворена изложбата на икони „Во пресрет на Велигден“ на сликарката Вера Буловиќ Исмаиловски од Загреб и беше одржана свечена академија на македонскиот дневен лист „Нова Македонија“ со настап на пејачката група на МКД „Македонија“.
Предвидено е денеска да се отвори изложбата на дел од колонијата „Папрадински мајстори“-Велес исто така со настап на пејачката група на МКД „Македонија“.
Наредните денови следува свечена академија со предавање за животот и делото на Св.Кирил и Методи од проф.др. Васил Тоциновски, настап на пејачка, рецитаторска и фолклорна група на МКД „Македонија“ во придружба на оркестарот „Македо“ на МКД „Македонија“ и настап на најмладите од училиштето по македонски јазик во ОУ „Скалице“.
Планирана е и промоција на книги и збирки на песни од македонски автори.