Песни за Македонија

Од собирачката дејност на Серафим Бојанов

Серафим Бојанов спаѓа во позначајните но недоволно познати собирачи на македонскиот фолклор. Роден е во село Долно Драглишта, Разлошко во 1863 година. Починал во Софија во 1937 година. Животот го минал главно како учител и собирач на народни умотворби. По Разлошко-кресненското востание (1878 – 18769) неговото семејство се прселило, најпрвин во градот Дупница, а потоа во градот Златица. Се школувал најпрвин во родното село и во околните села Белица, Јакоруда, Бања потоа заминал на школување во Софија каде што завршил класична гимназија. Бил назначен за учител во Цариград, потоа Банско и други места. Многу рано ги согледал вредностите на народните песни. Се одушевувал од зборниците на браќата Миладиновци и  Васил Чолаков. Во Софија по улиците ги слушаш слепите гуслари, а потоа слушнал дека во селото Недобрско има вакви  гуслари, поради што за време на летниот распуст 1883 година заминал да запишува песни во ова село. Притоа имал среќа да го сретне слепиот гуслар Никола Тилев од кого запишал повеќе песни за Марко Крале и другите јунаци. Тие песни ги објавил во книга во 1884 година. Во списанијата „Сборник“ за народни умотворенија“ и „Периодическо списание“ што ислегувале во Софија, исто така објавил голем број македонски народни песни како и народни обичаи од Разлошко. Но поголем број од неговите собрани материјали останал во ракопис.

Калино Мари, Калино

Калино мари, Калино!
Намерила се Калина,
на зла свекрва фдовица.
Разболела се свекрва,
понуда је потерала,
та на Калина гувори:
– Снао Калино, Калино,
донеси ми студна вода
Стана Калина та јотиде,
На тих Бел Дунав за вода,
та залела студна вода;
јут далек иде и рука:
– Мале свекрво, свекрво,
на ти, мале, студна вода.
Свекрва вели, гувори:
– Снао Калино, Калино,
неќу ти, мари, водата,
вода ти глава јоднесла;
јазе искам пресна риба.
Зела Калина срекмето,
та ф дибоките вирове
јуловила пресна риба;
јутдалек иде и рука:
– Мале свекрво, свекрво,
на ти, мале, пресна риба.
Свекрва вели, гувори:
– Снао Калино, калино,
неќу ти, мари, рибата,
риба ти глава лапнала;
јазе искам ројно вино.
Јузе Калина чотора,
та ф нова меена за вино
и купила ројно вино;
јутдалек иде и рука:
– Мале свекрво, свекрво,
на ти мале, ројно вино.
Свекрва вели гувори:
– Снао Калино, калино,
неќу ти, мари, виното,
с вино ти гроби прелели;
јазе искам стари дедо.
Стана Калина јутиде,
на Нови-Пазар за дедо,
та купила стари дедо;
јутдалек иде и рука:
– Мале свекрво, свекрво,
на ти мале, стари дедо.
Свекрва вели гувори:
– Мед ти јала, бре, јустата,
ле ми купи стари дедо.

Слушана од Петра Србинова од с. Белица.

Ѓуро рани два сиви сокола

Ѓуро рани два сиви сокола:
прсти реже та и месо рани,
с’зи рони та и вода пои,
коси скубе та им глезна вие.
Јутговараа два сиви сокола:
-Јој ле Ѓуро, јој ле наш сајбијо,
што ни толкос Ѓуро, тимар чиниш?
Прсти режеш та ни месо раниш,
с’зи рониш, та ни вода поиш,
коса скубеш, та ни глезна вијеш?
Дали мислиш да ни касапуваш,
ели мислиш да ни препродаваш,
ели мислиш далек да не пратиш?
Јутговори Ѓуро тевничаро:
– Јој ле вије, два сиви сокола,
нито мисле да ве касапувам,
нито мисле да ве препродавам;
туко мисле далек да ве прате,
ќе ве прате на мојето село,
да видите кашти какви ни с’.
Јутговараа два сиви сокола:
– Јој ле Ѓуро јој ле наш сајбијо,
фчера бехме фу вашето село,
кашти ти с’ пусти јупостели
двори ти с’ пелин јубирасли,
ф стрет пелине дрво јафорово,
на дрвото до три куковици:
прва кука вечер и футрина,
фтора кука туко нејде нејде,
треќа кука ич не престанува.
Јутговори Ѓуро тевничеро:
– Јој ле вије два сиви сокола,
штуту кука вечер и футрина,
това си је моје прво љубне,
ќе ќе вечер другаре посртешта,
ја футрина, другаре испрашта;
штуту кука туко нејде нејде,
това си је моја мила сестра,
ќе ќе кука јага си се сети;
штуту кука ич не престанува,
това си је моја стара маќа,
ќе не може да ме забуреи.

Слушана од Марија Игнатова и Спаса Манолова од с. Белица

Јуване Јасен месецо

Јуване јасен месецо,
што ми си јасно јогрејал,
пут гора, војну, нат гора?
Фуф гора тажна килија,
ф килија лепа Марија;
родила лепа Марија,
родила је Христа Бога,
Христа Бога и Божиќа,
та го тури ф десни скути,
ф десни скути купринени,
та си такна воз полето,
воз полето нис полето,
штуту ја је дугледало,
се и се је пуклонило;
ја житото рженово,
то не ја је дугледало,
не и се је пуклонило.
Пруклела го је Марија:
– Мило жито, рженово,
расло танко та високо,
ф поскори се не месило,
ф литургија не флазило;
ја житото пченичено,
расло танко та класато,
ф поскори се месувало,
и ф литургија флазило.

Слушана од Иванка и Марија Икимџиски, мајка и ќерка од с. Дол. Драглишта.

Стојане, мори Стојане

Стојане, мори Стојане!
Забегнал Стојан, забегнал
за јосем девет гудини,
за дванајесе пролети;
Та здобил Стојан, та здобил,
та здобил фного имане,
па си се чуди млат Стојан,
фуф што да тури имане;
накупил Стојан накупил
деветстотин вакли јовни,
и деветстотин рудици;
нацанил Стојан, нацанил,
нацанил руси чубани,
та на чубане гувори:
– Чубане, руси чубане,
лекум по мене карајте,
ја ќу напреди да ида,
да ида кунак да готве.
Ка са дочули чубане,
леком по Стојан караја,
Стојан напреди јутиде,
јутиде кунак да готви.
Јутиде Стојан, јутиде,
на баштините му порти,
дваш почука триш порука,
излезло му је љубене.
Стојан на љубне гувори:
– Невесто млада, јубава,
има ле кунак за мене,
да помина таја вечер,
таја вечер и јунаја?
Невеста вели гувори:
– Патниче, зол намерниче,
имам си позла свекрва,
да ида да ја пупитам.
Јотиде невеста пупита:
– Мале ле, стара свекрва,
патник си чука на порти,
да помине таја вечер,
таја вечер и јунаја.
Свекрва вели, гувори:
– Снао ле, мари јубава,
иди му, мари, јотвори,
јотвори му, фоведи го,
фоведи го ф удајата,
постели му шарен јодер,
јоготви слатка вечере,
и ти кут него вечереј;
јага си патнбик пулегне,
и ти кут него прилегни.
Земи си ношче в џебове,
та го варди јага заспи,
с лева го рака пригрни,
с десна го рака јободи
и ја ќу туга да дојда,
имане да му зееме.
Ка је дочула невеста,
слезла та му јотворила,
јотвори му, фуведе го,
фуведе гу ф удајата,
послала му шарен јодер,
југотви слатка вечере.
Јага патник вечереше
и тија с него вечере;
јага си патник пулегна,
тија кут него прилегна.
Јузела ношче в џебове,
па го невеста заварди:
Јага си патник задрема,
с лева го рака пригарна
с десна го рака јубоде.
Једвам си патник продума:
– Јелено, првно љубене,
јако не ти је, Јелено,
за мене мило, Јелено,
баре за сиво ми стадо,
за деветстотини јовнове
и деветстотини рудици.
Оште си Стојан думаше,
руси чубане стигнаја,
сиво стадо дукара;
стадото је заблејало,
кучетата залајаа;
Ка је дочула Јелена,
сама си се је јубола.
Туга је дошла маќа му,
и тија се је јубола,
станали ду три гробове.

Слушана од Јованка Цветкова Манчина од с. Годлево.

Гиди Јано мори, гиди гидишице

За Јана ми, мори, јут далек дојдоа,
три дни рода, мори, јут рода далеко,
ја четири, мори,  јут милната маќа.
Јана неќе, мори,  Јана там да иде,
туко иска, мори,  де ја срце тегли.
Јана има, мори, деветина браќа,
та на Јана, мори, велаа јутговара:
– Јој ле Јано, мори, јој ле наша сестро,
иди Јано, мори, иди наша сестро,
није ти сме, мори, деветина браќа,
често ќе ти, мори, госте дојодиме.
ката петок, мори, Јано, и ф сабота,
стара мајка, мори, Јано и ф неделе.
Кандисала, мори, Јана, мома Јана,
та јутиде, мори, дека Јана не ќе.
Ка  дадоја, мори, веќе не јутидоа,
не јутидоа, мори,-  за девет години.
Та јутишла, мори,Јана мома Јана,
та јутишла, мори,ју горна градина,
ју градина, мори, кут раното цвете
та на цвете, мори,вели јутгувори:
– Јој ле цвете, мори, јој ле мило цвете,
јот ка те је, мори, Јана пусејала,
та не те је,  мори, на глава турила.
Таман тава, мори, Јана гувореше,
јутам иде, мори, Јанината золва,
та на Јана, мори, вели јутгувори:
– Јој ле Јано, мори, јој ле наша снао,
какви Турци, мори, двори исп’нија,
прилегаја, мори, на твоите браќа.
Јутишла је, мори, Јана, мома Јана,
да си види, мори, што има на двори;
јага виде, мори, Јана мома Јана,
јага ле с’, мори, нејни девет браќа:
на први је, мори, порти јотворила,
на фтори је, мори, коне пофанала,
ја треќи је, мори, за башта питала,
ја четврти, мори, за маќа питала,
ја пети је, мори, за снаи питала,
ја шести је, мори, за фнуци питала,
ја седми је, мори, за друшки питала,
ја осми је, мори, за рода питала,
на девети, мори, на скуто седнала,
ка седнала, мори, та го пригрбала,
пригрнала, мори, с душа разделила.

Слушана од свекрва и снаа: Катерина и Спаса Манолови од с. Белица.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top