Дијаспора

Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (15)

grb_vmro-dpmne_90

grb_vmro-dpmne_90Користење на претходните Статути на ОМК и ДООМ, кои послужија за изготвување на  ДПМНЕ и на ВМРО-ДПМНЕ

Пишува: Јанко ТОМОВ

По Втората Светска Војна, како прв Статут на македонското иселеништво во 1967 година, кој е евидентиран, односно напишан од Ослободителниот Македонски Комитет (ОМК), при што подоцна е модифициран за ДООМ се` до Статутот на ДПМНЕ, односно на ВМРО-ДПМНЕ во 1989-90 година. Да ја  погледнеме содржината на еден од првите Статути донесен на Уставотворниот Конгрес на ОКМ: Материјали и документи од 1967 година, Минхен, Германија:

Глава Прва: име, цел и карактер (членови 1 – 2);

Глава Втора: Членство (чл. 3 –  9);

Глава Трета: Устројство на ОКМ (чл. 10 – 14);

Глава Четврта: Највисоки органи на ОКМ: А. Конгрес (чл. 15 – 17), Б.Национален Совет (чл. 18 – 22);

Глава Петта: Братски судови (чл. 23);

Глава Шеста: Публикации на ОКМ (чл. 24);

Глава Седма: Финансирање на ОКМ;

Глава Осма: Сојузи и спогодби со други македонски и немакедонски организации и политички фактори (чл. 26);

Глава Деветта: Знаме, Грб и Печати (чл. 27 – 29);

Глава Десетта: Посебни правилници (чл. 30). Овој материјал е печатен на 46 страници.

Во врска со национално-политичките статии и написи на организациите на македонското движење на почетокот се запазени следните статии, прочитани од Уставотворниот Конгрес на ОКМ, со следните реферати и говори:

Сандо Христов: „Јакне и крепне македонската национална борба” (поднаслови: Политика без успеси не е политика; ОКМ во емиграцијата го постави македонското прашање на реална основа и нашата организација прерасна во вистинско национално револуционерно движење);

Миле Илиевски: „Да бидеме будни и постојано на штрек” (поднаслови: Без материјални жртви не можеме да водиме никаква борба; Борбата треба да ја пренесеме внатре во Македонија);

Мирче Богоевски (говор): „Македонци, гнасете се од новите врховисти” ;

Тодор Лепазов (говор): „Нашата организација е демократска” (поднаслови: Да бидеме борбена елита; Нашата пропаганда треба да има подлога само од вистина);

Ѓорѓи Трифунов (говор): „Ќе работиме само за една вистинска конфедерација”;

Драган Богдановски (говор): „Македонија земја на несреќи” (поднаслов: Драги браќа). Рефератите и говорите се печатени во весникот „Македонија”.

При самото ослободување од затворот во Идризово, Скопско, Драган Богдановски ги прибира своите ракописи од затворот, што скришум успеал со врски да ги даде на свои познаници и пријатели. Делови од тие пишувани документи, стигнуваа и до нас во Австралија. Така Драган, при повторното емигрирање во Шведска и Германија во пролетта 1989 година, веќе интензивно работи на Статутот и Политичката програма на ДПМНЕ.

На крајот на 1989 година, Богдановски го објавува Манифестот до македонскиот народ: „Демократска Партија за Македонско Национално Единство – М а н и ф е с т до македонскиот народ” – Македонски народе!

Понатаму, Драган пишува: „Ти не си сам македонски народе! Со тебе е Демократската Партија за Македонско Национално Единство, произлезена од Македонското Револуционерно Движење, кое во себе го носи бесмртниот дедовски илинденски идеал”.

dragan-bogdanovski-manifest

При формирањето на Координативниот Совет на ДПМНЕ за дијаспората, во кој Драган Богдановски го поставил Панко Стамкоски за потпретседател за Австралија и Јонче Трајчевски за член, обајцата од Мелбурн, а исто така и Јанко Томов за член од Перт, Западна Австралија.

Михаил Шариновски – Солунски и Крсто Шкодров не го прифаќаат предлогот на Драган, да бидат дел од членството, а го препорачуваат Јанко Томов за раководител на ДПМНЕ за Западна Австралија и член на Координативниот Совет за Австралија. Михаил Шариновски – Солунски, се чувствува навреден од Драган, затоа што Драган не го поставил за потпретседател, бидејќи бил долгогодишен претседател на ДООМ и уредник на „Македонска нација”, од времето на затварањето на Драган во 1977 година до формирањето на НОФМ (види во книгата: “Поткрепа од убавиот Перт” од Јанко Томов, 2000 година, Бризбен, Австралија).

Во едно писмо на Јанко Томов до Драган Богдановски од 20 мај 1990 година, се спомнуваат неколку поглавја на пообемниот материјал: „Замислата и концептот за функционирањето на ДПМНЕ во дијаспората”. Во тој материјал, Томов му предлага на Богдановски, ограноците на ДПМНЕ во дијаспората да бидат со свои раководства како членки на Политички Комитет на ДПМНЕ во склоп на Координативните Комитети по континентите:

1. Политички Комитет на ДПМНЕ од Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија. Тие Политички Комитети да бидат под водство на:

2.  Австралиски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

3. Политички Комитет на ДПМНЕ за Шведска, Австрија, Германија, Белгија, Холандија и Франција под водство на:

4.  Европски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

5. Политички Комитет на ДПМНЕ за Егејскиот дел на Македонија, Пиринскиот дел на Македонија и македонскиот дел во Албанија, под водство на:

6.  Македонски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

Сите спомнати Координативни Комитети по континентите да бидат во контакт и соработка со:

7.  Обединет Македонски Комитет на ДПМНЕ.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top